20 години дипломатски односи помеѓу Република Македонија и Светиот Престол

Министерството за надворешни работи на Република Македонија на 15 окотмври 2014 година во Македонскиот народен театар организира свеченост по повод 20 години од воспоставувањето на дипломатските односи со 19 држави, меѓу кои и Светиот Престол.

На почетокот на свеченоста се обрати министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Поповски, а во име на дипломатските претставништва зборуваше швајцарскиот амбасадор Стефано Лазарото.

Потоа следуваше музичка точка каде накратко се свиреа химните на земјите, а во позадина беа прикажувани знамињата на земјата, која го слави јубилејот. Интересен беше и настапот на националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“.

Светиот Престол беше претставен од апостолскиот нунциј за Македонија и Бугарија, архиепископот Анселмо Гвидо Пекорари, заедно со месниот бискуп, монс. Киро Стојанов.

На крајот од свеченоста присутните беа повикани на коктел, како и презентација на националните кујни и националните сибмоли на земјите кои го слават јубилејот.

К.мк/д.Д.Т.

Категорија: Македонија

За авторот