Кога би можела повторно да го проживеам животот…
Овој текст го напишала Ерма Бомбек кога открила дека умира од рак. За жал, Ерма ја изгубила битката со болеста, но нејзините мудри зборови останале како инспирација за илјадници луѓе.
Кога би се разболела би отишла во кревет наместо да се однесувам како земјата да престане да се движи ако не останам на нозе.
Би запалила розова свеќа во облик на роза пред да се растопи во магацинот.
Помалку би зборувала, а повеќе би слушала.
Би ги поканила пријателите на вечера дури и ако тепихот е извалкан или каучот избледен.
Би јадела пуканки во дневната соба и помалку би се грижела за нечистотијата ако моите посакаат да запалат оган во каминот.
Би одвоила време за да го слушам мојот дедо и за лутањата низ неговата младост.
Би преземала повеќе одговорности кои ги носи мојот маж.
Не би инсистирала на тоа прозорците на автомобилот да бидат затворени среде летен ден, бидејќи мојата коса е свежо фенирана и уредена.
Би седела на тревникот (без оглед на флеките од тревата).
Помалку би плачела и би се смеала пред телевизорот, а повеќе тоа би го правела гледајќи го животот.
Никогаш не би купила нешто само затоа што тоа е практично, на кое што нема да се гледат дамки или затоа што има доживотна гаранција.
Наместо да сакам деветте месеци од бременоста да поминат што побрзо, би го ценела секој момент и би сфатила дека магијата која расте во мене е единствената прилика за да му помогнам на Бог во создавањето на чуда на животот.
Кога децата наеднаш би посакале да ме бакнат никогаш не би им кажала: „Подоцна. Сега измиј ги рацете пред ручек.“ Би имало многу повеќе „Те сакам“ наместо „Жал ми е“.
Најмногу, кога би имала друга можност за живот би ја ценила секоја минута, би ја гледала и навистина би ја видела и никогаш не би се свртела назад.
Да престанеме да се потиме заради мали работи. Да престанеме да се грижиме за тоа кој нè не сака, кој има повеќе или кој што работи. Наместо тоа, да почнеме да ги цениме односите кои ги имаме со оние кои нè сакаат.
Да размислуваме за тоа за што Бог нè благословил. И што правиме секој ден за да се подобриме себе, умно, физички и емоционално. Животот е краток за да го пуштиме да помине покрај нас.
Ерма Бомбек/Битно.нет/к.мк/Д.И.