Постои ли нешто што е на твојата листа на приоритети пред самиот Бог? Некој идол? Денес е можноста за сериозно да размислиш за овие прашања.
Да бидеме искрени, секој од нас има некоја своја страст. Дали станува збор за кариера, хоби, материјални работи или врска. Имаш нешто од што срцето ти пее, нешто или некој, може да се каже, што го сакаш повеќе од сѐ на овој светот.
Исус Христос – единствен идол
Од најмали нози учиме – кога нешто или некого го сакаме тоа треба да го правиме со целото срце, во тоа треба се да вложиме. Но, ако не си внимателен, таа љубов или страст лесно може да се претвори во идолопоклонство.
Многумина од нас ги сакаат славните личности, се угледуваме на нив па дури и ги имитираме. Но сепак, колку и да ни се мили, треба да бидеме внимателни да не ни станат идоли. Единствениот идол треба да ни биде Исус Христос. Тој мора да биде на прво место.
Кое место го зазема Бог во нашиот живот?
Денес ти го поставувам оваа прашање: „Каде се наоѓа Бог во твојот живот? Дали е на прво, второ, или трето место, или па уште подобро прашање би било, дали тој е воопшто помеѓу приоритетите во твојот живот?“
Во Евангелието според Матеј (Мaтej 22, 36) еден фарисеј на Исус му поставува прашање? „Учителу, која заповед е најголема во Законот?“
Исус одговара дека тоа е љубовта кон Бог со сето срце, со целата душа и со целиот ум, да се предадеш на Бог во потполност и непоколебливост. Бог е љубоморен и не сака да нѐ дели ниту со некој, ниту со нешто. Понекогаш самиот наш однос со Бог е последната дупка на кавалот, а можеби за тоа и не сме свесни. Не се вложуваме себе си во тоа така како што се вложуваме во сѐ останато.
Еве 10 знаци дека некој или нешто ти е идол:
- Ја пронаоѓаш својата вредност и цена во нив затоа што ти даваат статус, популарност и моќ.
- Чувствуваш празнина кога го замислуваш животот без нив.
- Кога не си им блиску, само за нив размислуваш. Цело време.
- Честопати имаш впечаток дека тие му даваат смисла на твојот живот. Без нив ти не постоиш. Ти звучи познато?
- Тие имаат пресудна улога на начинот како ќе се чувствуваш и како ќе размислуваш за себе. Имаат потполна контрола над твојата самоувереност.
- Им посветуваш голем дел од времето. Кога би можел, секој момент би го поминувал со нив. Како што вели поговорката: „Јадеш, спиеш, дишеш“ за нив.
- Сѐ поставуваш според нив. Бог настојуваш да го тргнеш од било каде, наместо Тој да ти биде приоритетот со кој сѐ започнува.
- Ги запоставуваш сите останати важни работи од својот живот за да се фокусираш на она што ти е најважно.
- Подобро би ја положил доврбата во некој или нешто, отколку во Бога.
- Овој список те боцка, потврдувајќи дека имаш што да работиш.
Ако е така, обиди се да се свртиш од материјалните добра и односите поради кои го занемаруваш твојот однос со Бога. Префрли го трудот кој моментално го вложуваш во работите кои ти го отргнуваат вниманието на она што го заслужува целото твое внимание – на Бог.
Токму затоа е толку важно да бегаме од она на што му придаваме најголемо внимание наместо на Бог. Само запомни дека Бог е сѐ што ти треба.
Жена Врсна/к.мк