Романoт на Орвел ‘1984’ Министерството за вистина го користи токму јазикот како средство за обликување на општеството. Целата иронија е во името на министерството, чие што единствена задача е со јазикот да произведува вистина, која угодува на групата – тоталитарнатата Партија – која во еден момент произведува вистинито „тврдење“ дека “два плус два се еднакво на пет“ (2+2=5).
На крајот Партијата ќе објави дека два плус два се пет и ќе мора да веруваш. Нивната филозофија не ја одрекува само потребата од искуство, туку и самото постоењето на надворешната стварност (…) Ерес над ересите бил здравиот разум. Но не било ужасно тоа што ќе те убијат ако мислиш поинаку, туку затоа што можеби навистина си во право (Џорџ Орвел, 1984).
Оној кој го нема читано Орвел можеби нема да може потполно да го разбере текстот кој следува, но оној кој не разбира дека со јазикот треба да се пренесуваат и вредности, а не само реалноста, тој нема да го разбере општеството во кое живееме.
Орвел во Министерството за вистина покажува одлична социолингвистичка условеност – јазикот влијае на општеството и општеството влијае на јазикот. Обостраната условеност е предуслов за јазичен концензус, поради што воопшто е можна комуникација. Општеството мора да прифати одредени јазични кодови, како би било во комуникациски однос, додека јазикот пак подлежи на непрестајна несигурност, спонтана или намерна, како би биле задоволени општествените потреби во служба на комуникацијата. Општеството влијае на јазикот исто како што јазикот влијае на општеството.
Во романот на Орвел ‘1984’ Министерството за вистина го користи токму јазикот како средство за обликување на општеството. Целата иронија е во името Министерство, а единствена задача е со јазикот да произведува вистина, која угодува на групата – тоталитарнатата Партија – која во еден момент произведува вистинито „тврдење“ дека “два плус два се еднаково на пет“ (2+2=5). Цел е тврдењето да заживее во групата како би била прифатена и потврдена. Така целта на јазикот, како средство во рацете на одредена група, не е опишување на опсервативната стварност, туку производство на плаузибилна (прифатена) стварност и нејзина пропаганда. Опсервативната стварност е онаа која може да се посматра и единствено да се искаже, со други зборови – објективна стварност, додека плаузибилната стварност е онаа која е посматрана неединствено и зависи од перспективата на оној кој посматра и неговата перцепција, би кажале релативна стварност.
На пример, правно оженет маж кој има дете е татко на своето дете, но од перспектива на неговата жена, тој е маж, додека во очи на општеството тој е маж и татко. Но што ако се докаже дека тоа дете биолошки не е негово? Тој и понатаму го сака и го воспитува тоа дете, се грижи за него, го негува, има свои вредности кои општеството ги препознава како морално возвишени и така законски го признава за татко на детето.
Со други зборови, иако објективно стварно никогаш не ни бил татко, тука релативно е признат и признат од групата како татко, бидејќи групата го препознава како вредност. Некој ќе каже дека е објективната стварност и дека тој секогаш е татко, дали биолошки или небиолошки, но тоа не е така, бидејќи генетскиот материјал на таткото секогаш е составен дел од геномот на детето, дури и тогаш кога тој е на пример само дониран, и со тоа неговото татковство објективно не се менува, иако тој можеби не ја исполнува општествената улога на таткото и не сака да има некакви врски со детето, додека оној кој пак ќе се грижи за него (да додадеме кон тоа дека е и импотентен) од општеството ќе биде признат за негов татко, токму затоа што ги исполнува општествената улога за да биде татко на тоа дете. Значи релативната вистина се покажува еднакво важна како и објективната, но со важен услов – во односот да внесува вредности кои општеството ги прифаќа.
Општествената група, значи е таа која се грижи за тоа исказот да биде во склад со вредностите. Групата е таа која одлучува за вредноста на исказите, кои велат дека „два плус два се еднакво на четири“. Поради тоа кога за групате е важно “два плус два се еднакво на пет“, што ќе стане тогаш со групата која изградила вредносен систем, кој одоговара според принципите на релативната стварност, она што би можело да биде, независно од тоа што е, напротив во спротивност со она што е објективно, тогаш и ќе произведе таков исказ и законски ќе го признаат и потврдат.
Тоталитарниот систем на Орвеловиот роман ‘1984’ со механизми на моќ налага на секој поединец да верува на Министерството за вистина тогаш кога продуцира „вистина“ во склад со вредностите кои ги пропагира. Министерството за јазик пак се грижи за новоотворениот јазик, да биде соодветен на групата, партиски одобрен, вештачки деформиран, насилно имплментиран, всушност, непридорно наметнат. Во овој случај јазикот е општествено условуван како општеството би било јазично условено. Што би била канадската легаслативна сапуница околу законот со кој се регулира односот помеѓу родовите идентитети и родовите изрази, ако не real-life соработка помеѓу Министерството за вистина и Министерството за јазик? Министерството за вистина користи јазик за да произведе релативна вистина, она која може да биде (доволно е да можеме да ја замислиме или поточно да „чувствуваме“) додека пак Министерството за јазик ќе го направи соодветен, партиски одобрен, вештачки деформиран, насилно имплементиран, со групни механизми на моќ неприродно наметнат.
Застрашувачки не е тоа што во романот би можеле да се убијат оние кои не се согласуваат со тоа (метафора за реалната животна пенализација, на оној кој ќе одбие групата да му наметнува таков јазик, со кој се посредува релативната вистина спротивна на неговиот вредносен систем или објективна вистина воопшто), застрашувачки е што би можеле да бидат во право. Како во случајот со таткото, кој не е, односот на објективната и релативната вистина е однос на перспектива, перцепција. Јазикот одамна престана да биде средства за изразување на само објективна вистина (ако некогаш и бил) и стана средство за борба за вредности. Со него се искажува релативната вистина исто онака како што се искажува и објективната, и двете се подложени на општествена афирмација во склад со вредностите со кои тоа општество се обликува. Вистинската задача е неуморно производство на искажување на објективната вистина и релативната кога таа е во склад со возвишените морални вредности, а судирот се раѓа таму каде што за тие вредности не се разговара (таму вредноста станува “чувство“ на поединци кои бараат потврда од општеството).
Родоватата идеологија е релативна вистина, произлезена од јазикот, кој се прозиведува во склад со вредностите на групата, која прифаќа и потврдува. Таа не се замара со жените во рудниците или машите во кујните (иронијата е во тоа што веќе кујните се полни со мажи), туку со индивидуалното чувство – во која релативната вистина е често над секоја објективна. Средновечниот маж, и татко, од својата перспектива може да се чувствува како петгодишно девојче, американската тинајџерка како филипинско момче, германскиот маж како тигар и така натаму И тоа станува релативна вистина (која секако е во потполна несогласност со објективната вистина), а општеството е тоа кое треба да одреди дали таквата релативна вистина е нова реалност и дали треба да се прифати и потврди како вредност. А групата која сака да ја прикаже новата вредност како општествено посакувана, мора тоа да го направи со јазикот, попрецизно со реторика, и на тој начин оној кој ги преиспитува општествената основаност на родоватата идеологија ќе го претстави како неук назаден женомразец, кој подржува насилство над жените. Реториката е најсилното орудие на релативизмот на вредности.
Поради тоа треба да се биде храбар и да се признае дека во обликувањето на општеството вистината повеќе не е толку важна. Она што е важно е јазикот да ја произведува таа вистина, да се зборува и да се пишува она што е вредно, она што е добро, убаво и вистинито. Напорот мора да се стави во своите вистински услови – општеството не се менува со објективни и релативни факти, бидејќи тие постојат независно од општеството; општеството се менува со артикулација на објективната и релативната вистина во склад со возвишените и моралните вредности. Реториката е бајонет во рацете на војниците; оној кој ќе научи да ја користи, тој може да се бори за вредностите во современото општество. Кој пак не знае, ќе пропадне како голорак или ќе заврши како Винстон Смит. Откако не ја прифати релативизацијата на Партијата, протогонистот на Орвел на крајот станува жртва – репрограмиран од тоталитарната група да верува дека „два плус два се еднакво на пет“ и тоа за него станува вредност. Со таквиот крај Орвел шокира, но и повеќе од тоа, дава сериозно препупредување за моќта на групата со јазикот да ја убие човечката духовна и морална димензија, карактеристиките кои ги носел и самиот Смит, кој на крајот останува без љубов, без морал, без човечност и без вистинитост.
Поради тоа како христијани треба да го окупираме општествениот и јавен простор, и освен познавањето на Вистината треба да владееме и со вештина на говорење, соопштување, артикулирање на таа Вистина и да бидеме храбри. Да го парафразираме тврдењето кое самиот Орвел често пати го пишува, и толкува во разлини контексти во однос кон тоталитаризмот на таа група – во променливите времиња изразувањето на вистината станува револуционерен чин.
Марое Барум/Битно нет/к.мк