Југоисточна Европа: Предизвикот на мешаните бракови
„Постојат проблеми поради поинаквата визија за бракот и неговата светатаинственост, но треба да се придружуваат сопружниците на патот на верата, бидејќи разликите водат кон релативизам и религиозна рамнодушност.
Ова го изјавуваат претседателите на епископски конференции од Југоисточна Европа, по одржаната средба во Букурешт од 17 до 21 април на тема „Пасторалните предизвици за семејството“.
Средбата на претседателите на епископските конференции од Југоисточна Европа се одржа во соработка со Советот на Европските еписопски конференции, во пресрет на редовната Синода на епископите, која ќе се одржи во октомври во Ватикан.
Во една „глобална економија, која не вложува внимание и грижи ниту кон сиромашните ниту кон младите и често ги принудува луѓето од овој регион во Европа да бараат работа во други делови од светот“, епископите ја посочуваат потребата од пасторална грижа за семејствата, но не „масовна , туку преку конкретна близина и лични контакти“. „Миграциите се голем предизвик за семејството, кои бараат посебно внимание од страна на Црквата – стои во завршниот документ. Многу семејства се поделени поради иселувањата. Се очекува поблиска пасторална соработка меѓу земјата на емигранти и домаќинот од друга страна, најмногу кога станува збор за предбрачната подготовка“.
Епископите истакнуваат дека во Југоисточна Европа „чувството за семејство е многу живо“ и тоа е почитувано и посакувано од младите. Затоа, освен присуството на свештениците во оваа пасторална дејност, „многу е важно и учеството на брачните парови кои имаат важна улога да ги придружуваат во моменти на радост и подготовка“. Исто така важно е и присуството на „групи семејства и движења кои имаат посебна харизма кон семејството и кои се фундаментален ресурс за пасторалната дејност меѓу семејствата“.
РВ/В.Н.