Јубилеј на затворениците

Јубилеј на затворениците

На 6 ноември 2016 година папата Фрањо во базиликата Свети Петар служеше света Литургија по повод Јубилејот на затворениците. Во прославата за јубилејот учествуваа околу 4000 луѓе меѓу кои сегашни и поранешни затвореници, нивни роднини, вработени, капелани и затворски полицајци од 12 земји.

Осврнувајќи се во разговор за Радио Ватикан на тој важен настан кој се одржува при крајот на јубилејната година на милосрдието дон Вирџилио Балдуки, главниот инспектор на затворските капелани, пред сѐ истакна дека затворенците веќе подолго се подготвуваат затоа што поголемиот дел од нив учествуваа на свечеснота за отворањето на Светите врати во затворите, но и со размислувања, сведоштва и молитви. Затворениците кои доаѓаат на оваа средба поминаа одредена подготовка за овој момент со Папата – рече дон Вирџилио.

На новинарско прашање што за нив значи настан како овој, тој истакна дека речиси може да се каже дека Бог не само што ги побарал, туку ги поведе дома. Мислам дека таа е најголемата порака што се однесува до близината која им се дава на тие луѓе, а и што се однесува до чувството дека Црквата е дом за секој човек; Бог ги прифаќа сите луѓе! Мислам дека тоа е најголемиот гест затоа што (…) Папата ги прима во својот дом – истакна дон Вирџилио

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот