Ја заштитил Светата Причест и станал свештеник

Ја заштитил Светата Причест и станал свештеник

Во своето родно место се вратил како свештеник за да слави света Евхаристија со своите сограѓани.

Мартин Бани имал само 24 години кога како богослов одлучил да го ризикува својот сопствен живот за да ја спаси Пресветата Олтарска Тајна од инвазиите на таканаречената Исламска Држава.

Сега во своето родно место се враќа како свештеник за да слави света Евхаристија со своите сограѓани.

На 6 август 2014 година Бани се слушнал со својот пријател кој го предупредил дека соседното село паднало во рацете на ИСИС и дека неговиот роден крај Керемлеш во секој момент може да биде следен за напад.

За да ги спречи џихадистите во светогрдната намера, Бани веднаш истрчал до светохраништето на црквата „San Addai“ и ја зел Пресветата Причест.

Истиот ден успеал да побегне со автомобилот со својот парох фра Табет и со уште тројца свештеници.

-Јас бев последниот кој го напушти Керемелеш со Пресветата Причест во рацете – изјавил за Папската фондација „Помош на Црквата во потреба.“

Покрај заканите од терористите Бани одлучил да остане во Ирак, иако неговото семејство се иселило во САД.

Продолжил со своите теолошки студии на факултетот „Свети Петар“ во Ербил, главниот град на ирачкиот автономен регион Курдистан.

Во септември 2016 година Бани со уште шест ѓакони е ракоположен за свештеник.

Околу 500 луѓе присуствувале на ракополагањето.

Лаудато/к.мк

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот