Свештениците се мисионери

Свештениците се мисионери

Браќа свештеници на Исус му е потребен мисионер и сите нѐ прашува: кој да го испратам, кој ќе оди во Замбија?

„Пријателе, најдете ми свештеник затоа што повеќе не можам сам, а многумина би сакале да го запознаат Исуса,“ отприлика така ми напиша еден мисионер од далечната Замбија. Тоа ме поттикна да ви го напишам ова писмо.

Свештениците се мисионери каде и да живеат. Црквата е нивниот дом, без разлика дали тие се во „стара Европа“ или било каде на земјината топка. Тие не подлежат на самосожалување и плачење над суровата реалност, туку го препознаваат Духот Божји на дело во сѐ што е добро и убаво, вистинско и праведно, чесно и достојно, како што нѐ учи свети Павле во Посланието до Филипјаните (Фил 4, 8). Исусовите свештеници го сакат овој свет и луѓето во него затоа што го гледаат со очите и срцето на великиот Бог.

За да бидат контемплативни и благодарни за конкретната добрина Божја во своите животи, свештениците заради тоа не се помалку способни да го препознаат страдањето, бедата и стравот кои се составен дел на овој свет. Тие го покажуваат своето сочувство, својата љубов и солидарност кон сите кои страдаат, кои се ранети, прогонети, без надеж и болни. Тие не ги избегнуваат местата на страдање: напротив тие се даваат да бидат повикани и да бидат испратени во нив. Тие не престануваат да ги освестуваат луѓето околу себе заедно со нив да одговорат на потребите на луѓето. Тие се чувствуваат соодговорни за овој свет. Свесни дека посланието се одвива во соработка, ликот на добриот самарјанин поприма облик на заедница.

Тие се луѓе на сочувство, пророци на надеж кои во сѐ и во сите ги препознаваат ветувањата на иднината и повикот на средба за Нова земја. Во нивните души постојано одекнува повикот: дојди и следи ме! Мирни се пред идеите за брзи резултати и пред желбата да мора да бидат посебни. Тие проповедаат заедништво и помирување помеѓу луѓето, овозможуваат средба со Радосната вест, со Христос патот на животот.

Секогаш свесни дека големите промени со мали работи, тие ги охрабруваат и ги помагаат сите иницијативи макар се и скромни. Тие се луѓе на Царството Божјо. Браќа свештеници на Исус му е потребен мисионер и сите нѐ прашува: кој да го испратам, кој ќе оди во Замбија?

дон Антун Штефан/мисије/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вера, Духовност

За авторот