Кардинал Зенари се обрати до папата Фрањо во името на новите кардинали

Кардинал Зенари се обрати до папата Фрањо во името на новите кардинали

На почетокот на конзиториумот прв од новите кардинали нунциј во Дамаск во името на сите новоименувани кардинали му се заблагодари на папата Фрањо. 

Кардиналите доаѓаат од сите континенти, тоа е знак на црковната универзалност. Доаѓаат од далечни земји, а некои од нив прв пат во својата историја имаат кардинал – рече кардинал Марио Зенари. Многумина доаѓаат од периферијата на светот: Бангладеш, Маврициус, Папуа Нова Гвинеја, Малезија.

Меѓу кардиналите е и еден обичен свештеник Ернест Симони речиси деведесетгодишник кој 18 години поминал во комунистички затвори во Албанија; бил сведок на верата во тешките години на диктатурата, мачен и осудуван на принудна работа во рудници и во скадарските канализации. Сите денес ја примија кардиналската црвена капа која е знак на подготвеноста да се пролее крвта за верата и за мирот во светот во кој денес има повеќе маченици отколку во првите векови на Црквата.

Во текот на оваа година во целиот свет одекнуваше благодарност на Бог за неговото бескрајно милосрдие. Црквата „во излегување“ во сите краишта во светот ја носеше радосната вест на Евангелието. Црквата, „Добриот Самарјанин“ која денесе се наведнува над секој човек, повреден и полумртов на работ на улицата, ранет во телото и душата е повикана да ги негува човечките рани и на нив да го излева елејот и виното на божественото сочувство – рече кардинал Зенари додавајќи:

Свети Оче, некој од нас доаѓа од места каде многу, милиони се повредени возрасни и деца, оставени мртви или полумртви на улиците по селата и квартовите или под урнатините на сопствените домови и училишта заради суровото насилство и крвавите нечовечки конфликти, чии трагични последици многу често ги носат немоќните граѓани, поднесувајќи надчовечки страдања и многу големи хуманитарни катастрофи.

Кардиналскиот совет сега има 228 членови, а 121 кардинал имаат право на глас.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вера, Вести

За авторот