Феран Торес по голот за светската титула: Фала Му на Бога, Кој секогаш ми дава сила

Феран Торес по голот за светската титула: Фала Му на Бога, Кој секогаш ми дава сила

Феран Торес, стрелецот на победничкиот гол со кој Шпанија ја освои светската титула, успехот го поврза со својата вера. Шпанскиот напаѓач, кој јавно говореше за важноста на крстот и ликот на Дева Марија во неговиот живот, по финалето порача дека благодарение на Бога Шпанија ја нашла силата никогаш да не се откаже.

Доминацијата на Шпанија конечно беше наградена. Откако во текот на целиот натпревар ја притискаше Аргентина и речиси не ѝ дозволи вистинска шанса, „Ла Роха“ го најде патот до победата во продолженијата, во недела, 19 јули 2026 година, во финалето на Светското првенство.

На почетокот од вториот период од продолженијата, Феран Торес го постигна победничкиот гол против актуелниот светски шампион предводени од Лионел Меси, обезбедувајќи ѝ ја светската титула на Шпанија.

„Мојот гол им припаѓа на 47 милиони луѓе. Моравме да победиме за нашата нација“, изјави напаѓачот по натпреварот.

Потоа, со скромност, додаде: „Фала Му на Бога, Кој секогаш ми дава сила да продолжам.“

Ова сведоштво за верата не е случајно. Неколку дена пред финалето, Торес отворено зборуваше дека католичката вера има важно место во неговиот живот.

„Имам крст и лик на Дева Марија. На крајот, мислам дека тоа е драгоцена поддршка. Мојата вера ми дава голема сила, тоа е нешто многу важно за мене“, објасни тој во видео објавено на 9 јули од Шпанската фудбалска федерација, во пресрет на четвртфиналниот натпревар против Белгија.

Алетеја/к.мк

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот