Ѕвездите од НБА лигата му заблагодаруваат на Бога за освојувањето на титулата
Прочитајте што изјавија кошаркарите од победничкиот тим на Голден Стејт Вариорс по освојувањето на титулата.
Пред сѐ, Бог е голем! Ние сме тим кој се состои од верници! Сите велиме дека Бог за секој има некоја цел и план. Кога ќе пораснам сакам да бидам како Стеф (Кари) – човек исполнет со страв Божји – беа тоа зборови на најкорисниот играч од финалето на НБА лигата и член од победничкиот тим на Голден Стејт Вариорс, Андре Игуодала.
Игуодала, кој е светски првак и олимписки шампион со репрезентацијата на САД, со 25 коша, 5 скока и асистенции одигра навистина извонредна игра во која тимот на Вариорс по 40 години ја освои титулата победник на НБА.
Освен тој, својата вера уште еднаш ја посведочи и Стеф Кари. Да се потсетиме, Кари неодамна по повод примањето на наградата како најкорисен играч на НБА лигата, најпрво му се заблагодари на својот „Спасител Исус Христос“, а по освојувањето на титулатаповторно својата благодарност најпрво му ја упати на Бог.
Пресреќен сум! Бог беше голем кон нас подарувајќи ни ја оваа прилика. Секој меч е прилика да се биде на големите натпреварувања и да се сведочи за Христос. Кога ќе стапам на паркетот, луѓето треба да знаат кого претставувам и во кого верувам – рече Кари.
Битно нет/З.А.