Проповед на владиката Стојанов: Ѕвезда водителка

Проповед на владиката Стојанов на Божиќната Литургија во катедралата „Успение на Пресвета Богородица“ во Струмица

Драги браќа и сестри, Божик. Овој факт кој секоја година се случува сам по себе е средба на ова празнување во оваа света божиќна ноќ во вонредната Јубилејна света година на Милосрдието. За што тогаш да зборувам вечерва одошто за фактот на големата Божја дарежливост која ја надминува секоја наша можност на разбирање, а тоа е фактот што Бог ни дојде во пресрет, кој стана дел од нас, раѓајќи се во скромност во Витлеем и во појава на мало Дете. Да ја погледнеме позадината на светото случување. Избраниот народ ја наследи верата Авраамова и свеста на своето избирање. Меѓутоа во времето кога се појавува Исус таа вера избледела, всушност целосно исчезнала. Од таа прекрасна Авраамова вера која верува во Бог и му се предава, настанала заедница која со сета својата припадност го гледа Бога во законите, прописите, чувањето на обичаите што всушност срцето им било далеку од верата, но со тоа уште повеќе мислат дека верата се сочувала во надворешните чинови на церемонијата и строгите закони. Искушението на кое подлегнале членовите на избраниот народ е самољубието и самозадоволството: ние сме Божји наорд, а останатите се паганска – безбожничка маса. Ние имаме пророци и закони, а тие немаат ни правда, ни вистински закони. Затворањето во некакво гето од Божјиот народ е направен народ кој покрај очите останува слеп. Не препознаа дека затоа се избрани за да Бог преку нив и по нив го изведе најголемото дело: создавање ново човештво. Со својата алчност станаа непримерно средство за спроведување на Божјиот план. Браќа и сестри, тоа не е говор против избраниот народ, туку предупредување за нас и согледување на фактите дека е иста опасноста и меѓу нас додека ги презираме другите и поинаквите од нас, а во исто време себе и својата свест и совест не ги гледаме. Тоа искушение и вечерва е присутно во конфронтацијата на судирот ние-тие.

Тој факт кој го нареков позадина ни прозборуваат пораките од штотуку прочитаните текстови на Божјото слово. Година на милосрдието, а пред сѐ зборовите и односот на Светиот Отец, папата Фрањо, предизвикувачки ни го покажуваат вистинското лице на Христос, а по него ни ја открива најгоелмата убавина на Бог како Отец. Никогаш не смееме да заборавиме дека сѐ што Бог создаде е убаво, добро и е одблесок на неговото Божествено совршенство. Создавајќи го човекот Бо се расцвета во својата љубов, бидејќи создаде Создание кое е слично на Него. Уште повеќе, кое е од него родено. Бог љуби сѐ што е создадено, додека во човекот е заљубен, му даде Божествени дарови, разумна душа, која е бесмртна и му даде слобода која најмногу се отлсикува во љубовта. Но, ние знаеме дека во самата зора на човештвото во човечкиот живот влезе насилник – зло – ѓаволот и го заведе човекот: да биде како Бог. Многу итро го искористи фактот, ако сме Божја слика тогаш според природата тежнееме да бидеме слични на својот оргинал – на Бога. Така земјата стана долина на солзите. И натаму не е ништо толку расипано на земјата освен човекот кој се расипа со својот грев. Сепак, Бог не го исфрлува, туку го придружува низ долгата историја, имајќи план што го најави уште од самиот миг кога го истера од рајот, а тоа е ново создание на човекот. Кога дојде, кога се исполни времето Бог не отиде пред нас да го следиме, ниту после нас, туку застана со нас и тргна со нас.

Браќа и сестри, тој факт за ново создавање е најголемиот досег на Божјата семоќ, бидејќи повеќе не се објавува само Божјата љубов, туку и Божјото милосрдие. А милосрдието е најсовршена форма на љубовта, бидејќи се нуди на оној кој тоа никако не го заслужил. Божјата љубов никогаш не сме ја заслужиле, а уште помалку мислордието. На некој начин можеме да кажеме дека Бог во милосрдната љубов ја надминува само својата семоќ. Чудесно е тоа таинство, но е факт кој се случил и кој се случува и вечерва.

За да можеме да го разбереме тоа, Бог ни говори во своето Слово и во многу вонредни знакови. Самото Исусово раѓање е најавено на пастирите со појавуањето на ангелите и со песната на ангелскиот хор. На Мудреците од исток им е даден посебен знак, ѕвезда. Тоа е симбол кој трајно останува порака, бидејќи за астрологијата ѕвездата е знак за ориентација. Светлината на ѕвездата е многу силна, но заради далечината ни изгледа многу слаба. Се прашуваме: Зошто Бог не им даде појасен знак на Мудреците. Повторно се враќаме на почетокот на човештвото и така Бог е единствениот, кој апсолутно ја почитува човечката слобода. Затоа никогаш не наметнува своја волја за да биде човекот во својата одлука слободен. Мудреците од исток се просветелне и со тој знак, но тој знак ги води тие самите да истражуваат. Всушност, тој знак ги води во пресрет. Тие се отворени кон тој знак, но во тоа барање е нешто поважно од знакот тоа што луѓето можат да го направат. И затоа одат во Ерусалим. Влегоа во мракот на неверството на избраниот народ, дури и до крвникот Ирод и во тој миг знакот на ѕвездата исчезнува. Овој детал не е премногу да се запамети, бидејќи кога и да се потпреме на човекот, а не на Бога, постои опасност во нас да загосподари мрак.

Зарем не гледате во каква темнина се наоѓа современото човештво, бидејќи исклучиво се потпира на својата моќ на знаење, наука, пари, оружје, политика итн. И покрај големата развиеност на техничката култура никогаш не беше поголема темнината во душите на луѓето како што е во наше време. Премногу сме оптоварени со инфорамции и лажни ветувања до таква мера што се губиме во мракот. Да се вратиме на Мудреците. Само што го напуштија Ирод знакот се појави и ги доведе до местото кое што го бараа. Средбата со Новородениот толку многу ги збогатило што станале и соработници Божји, негови соговорници, бидејќи Бог им се јавува во сон.

Браќа и сестри, овој Божик во годината на големата доверба нѐ води по патот на Мудреците од Исток. Пораката е: Бог сака спасение на сите луѓе, бидејќи е Татко, а не само Создател. Тој факт за нас е задолжителен, бидејќи ако Бог е Татко на сите луѓе, тогаш сме ние сите браќа и сестри, а ако сака спасение на сите луѓе, а Исус е единствениот Спасител тогаш сака да ни каже дека ние сме ѕвезда, која ги води Богобарателите на средба со Спасителот. Прашање е: колку сме за тоа свесни и колку сме способни да бидеме ѕвезда водителка? Да застанеме и да си го поставиме прашањето: кој по мене дојде до Бога?

Драги браќа и сестри, овој Божик во оваа наша Катедрала – Црква, која го слави својот 90 годишен јублеј, нема да биде настан ако вечерва секој од нас не се запали како мала ѕвезда и не одлучи да биде знак на патот кон Христос. Причестувајќи се денес во себе го примаме Христос – Новородениот да го понесеме со себе во животот. Еден ден кога нашиот земски живот ќе дојде до крај, ќе бидеме прашани кого доведовме при Бога за да можеме да се спасиме во Бога низ целата вечност.

Честитајќи си го Божик, а честитајќи си го како настан на верата, покрај честитката би сакал секогаш да додадеме и молитва, Бог да ни даде и милост да ги препознаеме и тие кои го бараат Бога во темината на овој живот и да ги доведеме до Бога. Во таа смисла на сите вас ви посакувам Честит и благословен празник Рождество Христово – Божик. Христос се роди.

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот