Ѓаволот се плаши од Бројаницата и молитвата
Еднаш еден монах имаше голема голема желба да научи да ги пее црковните песни и на тој начин да може и со песна да го прославува Бог, како и останатите негови браќа монаси.
Но за жал овој побожен монах не бил многу надарен за пеење, па така неговите браќа монаси избегнувале да го учат да ги пее црковните песни. Поради тоа овој побожен монах секогаш во својата лева рака ја држеше светата Бројаница и постојано молеше; Радувај се Маријо благодатна, Господ е со Тебе….. Светата Бројаница беше секогаш со него и по цел ден се молеше на Бог, воопшто не се одделуваше од неа.
Бидејќи не можеше да најде некого, кој би можел да го научи да пее и замислен за ова, од голема тага, беше престанал да се моли.
Тогаш веднаш пред него се појави некој непознат старец, кој што му рече: „Што ти зошто си толку нажален? Зошто си загрижен?“. На тоа монахот му одговорил: И јас сакам да пеам како останатите мои браќа монаси, сакам да пеам, но никој не сака да ме научи. Постојано ми велат дека не пеам правилно“. Тогаш старецот му рече: „Затоа ли си замислен и загрижен, чедо мое? Јас ќе те научам да пееш и ќе те направам најдобар псалт, ќе пееш како најдобар славеј, но за возврат треба и ти да ми направиш една услуга“.
На тоа монахот скоро да се согласи, па затоа и го праша: „Тогаш што сакаш од мене“, – праша монахот, „Сакаш ли да ти платам? Ќе ти дадам сè што сакаш!“ А старецот му рече: „За да те научам да пееш како славеј ќе мора да го фрлиш од рацете она, што го нарекувате Бројаница, и да престанеш да се молиш, а јас за возврат ќе те научам сè што сакаш“.
Штом ги слушна овие зборови побожниот монах веднаш сфати дека овој старец што стои пред него не е никој друг туку лукавиот, ѓаволот, кој сака да го отстрани од молитвата, а со тоа и од Бог. Затоа веднаш се прекрсти и му се обрати: Бегај од мене сатано, не го сакам твоето пеење, ниту пак ги сакам твоите лукавства, ниту пак твоите добрини.“ Додека ги изговараше овие зборови ѓаволот исчезна.
Овој расказ сликовито ни говори за моќта на светата Бројница и силата на молитвата. Светите отци велат дека Бројаницата е оружје на христијанинот во борбата со ѓаволот, а молитвата го уништува ѓаволот. Затоа папата Адријан VI ќе каже: „Бројаницата е камшикување на ѓаволот“.
превод: го*ко