Архиепископот Пол Галагер во Братислава

На 6 март во Братислава архиепископот Пол Галагер пред Советот на европските бискупски конференции одржа говор за заштитa на правата и достоинството на човекот, особено на мигрантите.

Должноста на Црквата не е да се занимава со конкретната, секојдневна политика и да си ја припишува стручноста која ја нема. Не ни се познати конкретните мерки кои би можеле да бидаат потребни за да се загарантира, на пример, безбедноста и слободата на сите мигранти кои ја бараат нашата помош. Станува збор за повикување – а понекогаш и за опоменување – на политичарите да го подигнат погледот и да видаат подалеку од краткотрајните решенија – рече секретарот на Светиот Престол за односите со државите, надбискупот Пол Галагер, во својот настап, пред Советот на европските бискупски конференции, кој се одржа на 6 март во Братислава.

Надбискупот Галагер потсети на некои од темите од минатогодишниот говор на папата Фрањо во Европскиот парламент и Советот на Европа. Главната грижа на Папата – смета надбискупот – е таа што парите станаа поважни од луѓето, особено од сиромашните и ранливите. Централното размилсување на Папата во Стразбург беше човечкото достоинство, кое му претходат позитивните закони.

Човековите права насекаде треба да се почитуваат не затоа што политичарите ги признаваат, туку затоа што тие се врежани во срцето на секој човек – потсети надбискупот Галагер и уште додаде дека задачата на позитивните закони е да се задржат неотуѓивите права на поединците. (…) Човекот е дел од социјалната средина во која неговите права и должности се поврзани со правата на другите и општите добра на општеството – изјави надбискупот.

Христијанството не е само минато, туку тоа е сегашноста и иднината на Европа, заради централното место кое ја признава личноста. Европа во голема мера може да има корист од светлото на христијанскиот морал – рече надбискупот и потсети на предупредувањето од свети. Иван Павле II, во апостолската енциклика Црквата во Европа: “Континентот кој ќе се одвои од своите христијански корени ќе падне во ‘тивко отпадништво’ заедно со идолот на лажните вредности и надежи“.

Надбискупот Галагер исто така потсети и на загриженоста на почесниот папа, Бенедикт XVI, заради сѐ поголемата маргинализација на христијанството – и тоа во земјите каде што многу се нагласува толеранцијата. Важно е тоа што после говорот на Папата во Стразбург беше усвоена резолуција против дискриминацијата на христијаните во Европа.

Христијанството треба да ја одигра својата улога во остварувањето на мирот кој се основа на довербата и братството во Европа, а Католичката Црква – во која се наоѓа единството на културните разлики – може да пружи конкретна помош во зајакнувањето на европските национални семејства – рече на крајот монсињор Галагер.

РВ/З.А.

Категорија: Свет

За авторот