Што имаат среќните луѓе?

Што имаат среќните луѓе?

„А тогаш еден ден погледнав во очи едно дете кое го здогледа својот татко после три месеци негово отсуство…“

Често размислував за среќата. За тоа зошто некои ја имаат, а некои ја немаат, зошто некои луѓе се среќни, а некои не се. Барав објаснување, најдлабоки причина за човековата среќа. Ги барав насекаде… Пари, имот, скапи автомобили, ноќни излегувања…

Се прашував се наоѓа ли радоста во парите, богатството, имотот, скапите автомобили и раскошните вили. Бев уверена дека мора таа да се сокрива таму некаде, но одговорот најчесто гласеше НЕ. Токму луѓето кои уживаа во тоа често беа несреќни, празни, загрижени и оптеретени. Ги учеле дека со парите можат да купат сѐ, а потоа би удирале со главата во ѕид кога ќе сфатат дека не можат баш сѐ. Не, она најважното. Се прашував се наоѓа ли среќата во најдобрите ноќни клубови, во градот, во друштвото на најзгодни девојки и најпопуларни фраери. Одговорот најчесто гласеше НЕ. Ниту таму. Излегувањата често беа бегство од реалноста, а алкохолот ја зголемуваше таа амнезија. Се смејаа под неговото влијание и секој половина часа ја поправаа шминката и фризурата за публиката која ги набљудува. Тоа беше неретно многу напорно. Сфатив дека среќата онаа вистинската не се наоѓа ниту таму.

Чудно затоа што бев уверена дека радоста се наоѓа во имотот, уживањето, парите и славата. Тогаш сфатив што е среќа! А потоа еден ден го погледнав во очи детето кое го здогледа својот татко после три месеци негово отсуство. И сфатив дека тоа е радост. Погледнав во насмевката на жената која десет часа помина низ родилните маки за конечно да ја земе својата ќерка во рацете. Нејзината насмевка беше уморна, усцрпена, но најискрена кој некогаш сум ја видела. Сфатив тогаш дека тоа е среќа. Ја слушнав вревата на трпезата на семејството додека секој член ги раскажуваше случувањата на еден проживеан ден. Тука имаше насмевка, шега и често упаѓање во збор. Сфатив тогаш дека тоа е радост.

Видов момче кое случајно падна на улицата, а друг се сврти му ја пружи раката за да стане. Сфатив тогаш дека важно е да имаш некого кој ќе биде покрај тебе во падовите. Дека токму тоа е неизмерна среќа. Ги гледав девојката и момчето како заљубено шетат покрај крајбрежјето, не интересирајќи се за минувачите рака под рака. Сфатив дека тоа е среќа. Дека тоа е љубов. Видов стар човек како гордо гледа во својот кораб. Истрошен, рѓосан, но вреден. Часови и часови поминал во него со помош на него и морето го хранел своето бројно семејство. Тоа беше повредно од сите јахти и крузери. Сфатив тогаш дека среќата е во малите работи. (…)

Сфатив со текот на времето дека на среќните луѓе не им треба многу. И дека токму заради тоа се среќни. Ја наоѓаат среќата во малите работи. Немаат многу, но имаат сѐ. Не оптеретувајќи се со она што го немаат затоа што се свесни дека никогаш нема да имаат сѐ. Свесни се дека секогаш нешто ќе недостасува. Но, се радуваат на она што го имаат. Тие знаат што навистина е важно во животот. И така некако и живеат. Имаат усогласени приоритети. Имаат насмевка на лицето и кога е тешко. Имаат вера и кога ќе стане густо. Донесуваат мир и го гледаат доброто во луѓето. Сфатив тогаш дека радоста не е работа. Сфатив дека таа е чувство. Сфатив дека не е скапа, но никако не е ниту ефтина. Сфатив дека радоста и играта се наоѓаат внатре во човекот без оглд на надворешните околности. Како кај децата. Сфатив дека се наоѓа над земскиот хоризонт и човечкото сфаќање за среќа. Сфатив дека радоста се наоѓа во благодарноста. Во постојаното благодарење. На крајот сфатив дека секој човек кој има надеж мора да има и радост во живеењето!

Магдалена Марџетко/к.мк

Категорија: Вера, Колумни, Сведоштва
Ознаки среќа

За авторот