Шри Ланка се подготвува за посетата на Папата

Стотина дена темелна духовна подготовка – со свети Литургии, бденија и каритативни дела – на кои секој верник е повикан да направо добро дело, како покорнички чин – е иницијативата која Католичката Црква во Шри Ланка ја започна во пресрет на посетата на папата Фрањо на таа земја, која ќе е предвидена од 13-15 јануари 2015 година. Потребна ни е темелна подготовка за посетата на Светиот Отец и канонизацијата на блажениот Јосеф Ваз – рече монс. Емануел Фернандо, помошен епископ од Коломбо, означувајќи го почетокот на иницијативата за време на Литургијата на 5 окотмври во националната базилика посветена на Богородица.

За време на славењето е објавено логото и мотото, кое гласи: „Останете во мојата љубов“ а е земено од евангелието според Иван. Исто така се најавени и бројни духовни активности кои ги предвиде одборот за подготовка на посетата на Папата.

РВ/го*ко

Категорија: Свет

За авторот