Среќно оженет е само оној човек кој го разбира секој збор кој неговата жена не го кажала. (Алфред Хичкок).
- „Подрум“
Во „подрумот“ го сокриваме сето она што не сакаме да го покажеме: префрлувањата, горчината, лутината, незадоволството, понекогаш и очајот. Со тоа всушност ја труеме атмосферата во куќата. Меѓутоа, за подрумот е важно проветрувањето. Тоа се случува на пример, тогаш кога целата своја лутина, која сме ја потиснувале, ја изговориме. Кога го именуваме она што не повредило. Кога молиме за опростување. За тоа е потребна цврста одлука и тоа претпоставува храброст, која ако ја нема, доведува до тоа односот да станува непријатен.
- Приземје: Поздрав
Поздравот е основен, најминимален облик на разговор. Поздравот на другиот му пренесува порака: те забележувам, не сум рамнодушен кон тебе, подготвен сум за контакт. Со прашањето „како си?“ го покажувам свој интерес, важно ми е како се чувствуваш. Токму во напнатите ситуации овие наизглед мали, обични зборови се многу важни. Тие не дозволуваат да се прекине текот на разговорот. (Како е тоа кај вас? Поминувате ли наутро еден покрај друг мрзоволно? Одете ли вечерта во кревет без зборови (без комуникација)?“
- Прв кат: Информација
Може да дојде непријатна ситуација на пример кога мажот повикал гости, а за тоа не известил никого во семејството. Исто така, ако еден користи заеднички автомобил, а не кажал кога ќе се врати. Лично е тоа непријатно кога се живее во поголемо семејство во кое секој има свои обврски со термин, потребен му е автомобил, а нема информација кога може да располога со него. (Како функционира кај вас разменувањето на информации? Кога разговарате за своите планови?)
На оваа ниво спаѓа и говорот „за“: децата, за соседите, за работата, за филмот кој сте го гледале – постојат голем број можности за разговор „за нешто“. Сепак, говорот „за“ е повеќе не личен говор при што најмалку се употребува „себе“. Постои опасност разговорот на тоа ниво да „струи“. Дури тогаш децата почнуваат да заминуваат од куќата и многу парови забележуваат дека нивните разговори се ограничуваат на размена на информации и дека всушност едвај нешто да прозборат (немаат што да си речат). (Колку простор завзема во вашата комуникација говорот „за“? Кога и каде се случува вашиот личен разговор?)
- Втор кат: Размена на мислењата
Кога се качуваме на тоа ниво тогаш веќе почнуваме да зборуваме нешто и за себе. Зборуваме едни за други што сметаме за добро или лошо, како ги проценуваме ситуациите или другите луѓе, што би сакале, што не би сакале. На тоа ниво се случуваат разни дискусии, а понекогаш и кавги: доаѓа до конфликти на различните мислења. Во таквите размени на мислењата се случува всушност запознавањето. При тоа секогаш постои и можноста секој да се затвори во својата „полжав школка“, ако оној другиот му „дојде премногу близу“ или разговорот стане „премногу опасен“.
На тоа ниво зборуваме со пријателите, соседите или колегите од работа. Поради тоа се случува на пример мажот да не може да го разбере приговарањето од жената, дека со него не може да се разговара. Затоа налутено возвраќа: Па што ти е тебе – па разговараме! тешко сфаќајќи дека жената не е задоволна само со таквиот пристап на комуникација.
Она што жените посебно го сакаат и што е многу важно за квалитетен однос е промената на чувствата. На почетокот на врската обично секогаш се зборува за своите радости и болки. Човекот со мерак се вклучува во другиот. Меѓутоа, таа спремност со време исчезнува затоа што се има чувството дека едни со други веќе се познаваат. А сепак размената на чувства е нешто што е срцето на брачниот живот и многу е потребно за навистина добра комуникација.
- Трет кат: Размена на чувствата
Познаваме различни чувства: болка, жал, бес, лутина, радост, воодушевување, рамнодушност, очај – да спомнеме само неколку. Ако сакаме подлабоко да се разбераме, потребно е да разговараме не само за нашите ставови и мислења, туку и за нашите чувства. Дури тогаш можеме навистина да сознаеме кој е оној другиот и можеме подобро да го разбереме.
Многу луѓе – повеќето мажи, но и жените – имаат големи потешкотии кога треба да ги искажат своите чувства. Секој човек има чувства, но многу за жал ги потиснуваат. Многу мажи со солзи во очите признале: Знам дека би било важно со својата жена и со своите деца да разговарам на тоа емоционално ниво. Но, не знам како. Имам впечаток, дека над сите мои чувства лежи тежок бетонски блок.
Многу луѓе се затвораат поради повреда на емоционален план. Можеби како деца во своето семејство покажале некои емоции и поради тоа биле исмеани. Или во бракот покажале чувства на пример страв или жал, а не биле сфатени од својот партнер. Многумина донеле одлука: „Никогаш повеќе нема да зборувам за тоа, како се чувствувам, како изгледа мојата внатрешност“. Опкружени сте со непропуслив штит и со тоа чекорите на патот кон изолација. „Знам, ќе молчам и нема да покажам дека се смрзнувам на својот остров“, стои во песната на Reinhard Mey. Во таа и таква ситуација е потребно оздравување на ранливите чувства и цврста одлука, за отворање. Заклетвата „никогаш повеќе нема да зборувам за тоа како се чувствувам“ мора да биде прекршена. Бидејќи тоа не е ниту малку лесно, честопати е добредојдено дури и неопходно душогрижлива или терапевтска поддршка или набљудување.
Ако на тоа ниво нема комуникација, брачниот однос не може да расте и напредува; но исто така како поединци не можеме да се развиваме. Еднаш некој напишал: „Не можеш да знеш кој сум, ако не ти кажам кој сум“.
- Четврти кат: Целосна отвореност
На оваа ниво паѓаат сите маски. На другиот му се дозволува да биде дел од сите свои најдлабоки копнежи и надеж, потреба и ранливост. „Ако мојот партнер ми ги довери своите чувства, тогаш имам пристап до неговата душа, внатрешност, до неговото срце. Во брачниот дијалог едни со други толку се доверуваме, што се осудуваме да кажеме вистина за себе макар на другиот му е тешко да ја сфати.
Брачниот дијалог е размена на внатрешните мисли и чувства кои овозможуваат на другиот подобро да го запознаеме, прифатиме, разбереме, и со тоа повеќе да го сакаме“. (Daniel Trobisch). Ако успееме да дојдеме до таквата отвореност тогаш тоа се „ѕвездени моменти“ на нашиот однос. Ако сме се осудиле да го изговориме она што нас нѐ покренува и ако другиот тоа го прифатил, тогаш се чувствуваме дека добро правиме што конечно сѐ сме си кажале. Таквите „ѕвездени моменти“ не можеме постојано да ги имаме, но тие можат повремено да се случуваат. И што почесто ќе комуницираме на „четвртиот кат“, т.е. отворено да ги изнесуваме своите чувства, толку повеќе и почесто „ѕвездените моменти“ ќе се случуваат.
Битно.нет/к.мк