Шеста постојка
Вероника му ја дава крпата на Исус
Ти се поклонуваме ,о, Исусе и Те славиме, зашто со својот крст го спаси светот!
Да погледнеме во Исуса На крвавиот Крстен пат уште една сцена која допира. Му се приближува жена, чиста, побожна, убава и храбра. Не обрнува внимание на масата народ, на грубоста, на драмата туку го следи законот на своето срце. Сака да помогне. Како? Не може да спаси, не може како Симеон да го носи крстот, но може да помогне со знак на љубов. Да ја избрише потта и крвта. Традицијата на Источните цркви во таа жена ја гледаат жената која Исус ја излечи од крварење. Затоа возвраќа со љубов. Останала вечна наградата втисната во срцето, а за нас Исусовото лице какко реликвија во крпата на Вероника.
Оваа постојка нѐ потикнува, но и нѐ предизвикува. Тешко е да се замисли живот, посебно живот заедно и долг век, а нашето лице да остане секогаш чисто. Веќе некој друг ќе се погрижи нашето лице да ни го извалка, исплука, па можеби и да ни го искрвави со клетва, со лаги, оговарања. Но, не е исклучено дека и со нашите гревови го деформираме своето лице. Ќе направиме од него непрепознатливо лице и луѓето ќе се прашуваат – Дали е таа личност или некој друг? Исус го зачува своето лице, но другите не му го зачуваа. Нам ни е потешко, бидејќи многу пати нашиот образ е одраз на совеста која одвнатре нѐ гриза и ни го прави нашиот образ непрепознатлив и непривлечен. Кој е повикан да го избрише образот? Брачниот другар. Зарем човекот, кој за самиот себе е неприфатлив, гаден, грешен, опростување и разбирање ќе бара во соседството? Не ли е нормално сопругата/сопругот да има надприродно право да побара чиста бела крпа за да му го избрише лицето на брачниот другар, без разлика дали му го извалкал некој друг неправедно и грубо или е извалкан од своите гревови. Во секој случај, не е повикан туѓинец, туку брачениот другар да биде Вероника. Колку би бил намалени дрматичните моменти во нашата куќа, кога во раката би ја имале крпата на Вероника? Колку нашиот пат до Рајот би бил полесен, кога на вратата на Рајот би можеле да го покажеме лицето на нашиот сопруг ии сопруга, исплукано и крваво во крпата, кој во тој момент станува Исусова слика?
Да се помолиме
Боже, нѐ создаде според својата слика. Подели ни милост секогаш да ја зачуваме и помогни ни таа сличност да биде препознаена во нас. Преку Христос, нашиот
Господ. Амин.
Оче наш….Радувај се Маријо…..Слава на Отецот…..
Помилуј нѐ Господи – Помилуј нѐ.