Шеснаесет критериуми за разликување на вистинската љубов од заљубеноста
Како да се препознае вистинската љубов? Дон Дамир Стојиќ даде 16 критериуми според кои можеме да разликуваме вистинска љубов од заљубеност или дури занес.
1. Хемија
Хемијата е наједноставниот критериум, но и најтешкиот. Наједноставен затоа што се случува сам по себе, испотени дланки, пеперутки во стомакот и тоа човекот го чувствува. Хемијата не лаже, таа е втакаена во телото – дар Божји. Но хемијата е и најтешкиот критериум затоа што не може да се воспостави, ако ја нема. Таа е тука или не е.
Со текот на времето хемијата исчезнува. Хемијата може погрешно да се протолкува затоа што го идеализираме човекот кон кој чувствувае хемија заради тоа треба да бидеме внимателни.
2. Време
За вистинската љубов потребно е да помине доволно време. Заради тоа е несериозно да се каже: „Синоќа запознав една девојка и знам дека е вистинската.“ Минувањето на времето им дозволува на луѓето да се запознаат и да воспостават вистинска љубов. Затоа „љубов на прв поглед“ е нешто што повеќе го гледаме на филм, отколку во реалноста.
3. Комуникација
Комуникацијата значи доволно запознавање што вклучува и позитивни и негативни работи, всушност запознавањето на луѓето преку разговор и дружење. Младите често комуницираат со телото отколку со духот. Тоа не значи дека се согласувате во сè, ниту значи дека имате исти ставови, туку дека можете да разговарате за сè и меѓусебно да се почитувате.
4. Пријателство
Често може да се слушне како младите зборуваат „Јас со него/неа не можам, тој ми е пријател.“ Зарем не е идеално брачниот другар да ти биде најдобриот пријател, односно пријателка? Всушност нема вистинска љубов без пријателство. Што се пријателите? Пријатели се тие кои секогаш се тука едни за други. Тие се поддржуваат едни со други, заедно тагуваат и заедно се радуваат.
5. Одобрување
Оние кои најдобро те познаваат и оние кои вистински те сакаат (мајка, татко, браќа, сестри) ја одобруваат твојата врска. Овој критериум не смее да се апсолутизира. И родителите можат да имаат неискрени желби за своето дете. Но најчесто тие кои најмногу те сакаат гледаат нешто кај тебе што ти не го гледаш.
6. Почит
Почитувањето не е само кога момчето ќе и ја отвори вратата на девојката и кога ќе ја почасти. Вистинското почитување е кога се почитува личноста, нејзината вредност, семејството и ставовите. Најважно луѓето кои меѓусебно се почитуваат да не се трудат да манипулираат едни со други и да не си поставуваат едни на други ултиматуми („Ако не спиеш со мене, готово е“, „Ако спиеш со мене тоа ќе биде доказ дека ме љубиш“) Ултиматуми се поставуваат на воени непријатели, а не на саканата личност.
7. Визија
Понекогаш се слушаат изреките како: „Оган во срцето, чадот во главата“, „Љубовта е слепа“ или „Лудо сум заљубен“. Вистнската љубов му овозможува на човекот подобро да се познава себе, го смирува и зацврстува, му овозможува остварување на својот животен пат. Брачните другари меѓусебно си помагаат за да се остварат.
8. Слобода (љубомора)
Често сме сведоци на ситуација кога двајца млади луѓе започнуваат врска и едноставно исчезнуваат од светот во кој до тогаш се движеле. Повеќе немаат пријатели, со никој не се дружат. „Со кој разговараше на телефон?“ А каде беше синоќа? Какви ти се тие пријатели? Јас треба да ти бидам најважна…“ Вистинската љубов не е посесивна, ниту љубоморна. Вистинската љубов е слободна.
9. Вредности
Тие кои се сакаат споделуваат исти вредности, морални ставови и приоритети. Тоа не значи дека слушаат иста музика, јадат иста храна или сакаат да гледа исти филмови. Вредностите се подлабоки, многу подлабоки. Имаат исти ставови со кои гледаат на љубовта, пријателството, семејството, животот….
10. Доверба
Ова не е потребно посебно да се толкува. Двајца луѓе кои се заедно имаат доверба еден во друг. Довербата дава сигурност, една апсолутна сигурност дека личноста која ја љубиш ќе биде овде за тебе кога тоа е потребно. Довербата е темел на длабока поврзаност на двајца луѓе.
11. Одоговрност
Подготвени сте да прифатите одговорност во врската. Момчињата овде често паѓаат затоа што знаат многу време да поминат надвор од дома, трошејќи го слободното време со своите пријатели. Додека не сте биле во врска сте немале никакви одговорности еден кон друг затоа што вашите животи не биле поврзани. Кога сте во врска вашите животи исткаеле една нова реалност, еден нов однос и двајцата сте одговорни за успехот на тој однос и во согласност со тоа треба еден на друг да се дарувате. Знак дека личноста во врската е одговорна е вложување на себе и своето време во врската.
12. Молитва
Ги прашувам сите парови, ги прашувам момчињата и девојките се молите ли заедно? Ако не молете заедно вашата врска не може да се нарече христијанска врска? Молитвата го разоружува и ослободува човекот од секоја зла мисла и зла накана затоа што во вашиот однос го внесувате Исус Христос. Молитвата ја вклучува моливата Бројаница, светата Литургија и светата Тајна Исповед.
13. Реалност
Би можеле да кажеме дека реалноста е синоним за сирозна врска. Младите овде многу грешат, мислат дека љубовта е семоќна, дека љубовта може да ја премости секоја пречка и дека не се важни годините, разделеноста, пречките како на пример брачната состојба, деца и сл. Треба да се размислува така што работите да се постават реално, да се гледаат фактите и да се занемаруваат моменталните брзи чувства кои се и така со краток век. Потребно е да се види дали си во состојба да ја прифатиш реалноста на личноста каква што е, а не онаква каква што ние сакаме да биде. И да се разбереме, вистинската и правата љубов која Господ ја испраќа и покрај пречките може тие пречки да ги премости, но за неа треба да се бориш, а со реалноста треба да се соочиш.
14. Иднината (или „критериумот утрешниот ден“)
Со други зборови го поставувам прашањето: „Се гледаш ли себе со таа личност во иднината? Дали тој/таа е мајка/татко на твоите деца?“ Често во разговор со момчињата и девојките на ова прашање добивам одговор: „Остави го тоа оче, не мислам со неа/него да се венчам.“ Ако во времето додека си студент не размислуваш за брак со личноста со која си во врска, нема што заедно да правите заради тоа што само се искористувате едни со други и меѓусебно само се залажувате и лажете.
15. Обврска односно предавање (жртва)
Вашата љубов е таква што сте подготвени да направите чекор понатаму и себе да се предадете на личноста која ја сакате. Симптоматично за денешно време е што никој не сака брак, никој не сака да се жртвува. А обврската сама по себе бара жртва, жртва заради љубовта. Луѓето денес сакаат љубов без жртва, но вистинската љубов вклучува и жртва за личноста која ја љубите.
16. Мир
Како што првиот критериум беше билошката хемија, овој е духовната Божја хемија. Овој исто така е најлесниот, но и најтешкиот критериум. Затоа што мирот во срцето не можеме сами да го добиеме, тој мир не го дава овој свет, тој мир ни го дава нашиот Господ Исус Христос како што вети. Вистинската љубов го смирува срцето и го прави порадосно. Мирот не значи дека сè во животот ќе биде лесно. На што е заснована нашата врска на песок или на камен? Бури секако ќе дојдат, но само ако врската е заснована на камен бурите ќе поминат, а врската ќе остане недопрена. Ако е заснована на песок, ќе навалат бурите, ќе срушат се што е вредно, и тоа ќе биде голема рушевина. Да се гради на песок во долината е лесно, но не е сигурно. Да се гради на камен е тешко, треба на рамењата да се земе крстот и да се носи до врвот, но така градената врска, ниту една сила не може да ја сруши.
дон Дамир Стојиќ/к.мк