Човече, те љубам!
Често ни се случува да немаме време! Имаме купови на распоредот, пописи, настани кои нè гушат и ни го одземаат времето. Испити, работа, семејство, пријатели – како да мораме да бидеме на илјада страни одеднаш. Сè имаме, само време не! Па се бориме, се плашиме, се трудиме и ги вложуваме сите свои сили за сепак сè да направиме и никој да не остане лишен од нашето внимание и близина, а истовремено да ни бидат решени и сите обврски. И мораме да признаеме – додека ние се трудиме на сите да им угодиме, имаме чувство како за нас никој да не прашува, како нас никој да нè не гледа, никој да нè не сака… Тоа ни попречува.
Сè поминува… Грижите, проблемите, испитите, секојдневнието кое понекогаш ни е монотоно и досадно… Сè поминува. И можеш да се одмориш од трчањето наоколу за да ги решиш сите обврски и можеш да се одмориш од учење и можеш да се одмориш од разни очекувања, но никогаш не можеш да се одмориш од љубовта, создаден си за да љубиш. Ако другите не те забележуваат – ти забележи го, сакај го! Ако имаш премногу работа, па не стигнеш другиот да го слушаш – застани и слушни го – сакај го! Бидејќи во твоите раце е положена љубовта која мора да биде дарувана. Никогаш немој да се измориш да подаруваш љубов.
Се исплаќа да љубиш!
Љубовта е ефикасна само кога се делува. Немој да мислиш дека си наивен ако на другите им даваш љубов, а ништо не добиваш за возврат. Љуби без оглед на сè! Љубовта ќе роди трпеливост и постојаност, а трпеливоста и постојаноста ќе ти помогнат и во твоите секојдневни обврски и грижи. Кога се љуби лесно се живее! Он така живееше – Он така љубеше – Он така љуби и денес! Затоа повикан си таа иста задача и ти да ја вршиш – да љубиш! Љубовта се разоружува и затоа вреди да се врши таа задача. Оние кои те напаѓаат остави ги изненадени кога љубовта од тебе ќе проговори, оние кои те озборуваат остануваат без зборови кога гледат дека љубовта од тебе проговора, оние кои прават зло остануваат шокирани бидејќи љубовта од тебе не враќа со зло. И затоа се исплаќа да љубиш. Не е секогаш лесно, но се исплаќа. Обиди се…
Кога еднаш ќе сфатиш колку е убаво само да љубиш, ништо повеќе, постојано ќе сакаш да им го дадеш тоа на другите, а тогаш – тогаш сè е лесно, тогаш сè можеш, тогаш нема грижи… Љуби и дај преку тебе другите да слушнат за Него како им зборува и како ги охрабрува – човече, те сакам! Биди Негов носител на љубовта… Се исплаќа!
Извор:Пасторал младих
Превод: Д.И.