Четири големи настани го очекуваат Папата во септември
Во септември Светиот Отец го очекува уште еден напорен месец, исполнет со многу настани и средби. По повеќе од еден месец пауза, во домот Света Марта од 1 септември повторно започна со утринските Литургиии и покрај термините за Генерална аудиенција во среда и Молитвата Ангел Господов во недела, Светиот Отец го очекуваат четири големи настани, од кои две патувања, една света Литургија со венчавка во базиликата Свети Петар и средба со „Сениорите и дедовците и бабите од светот.
Патување на папата Фрањо во Редипулија, Северна Италија
На 13 септември на половина ден папата Фрањо ќе се упати во Северна Италија во спомен местото од Првата светска војна – Редипулија. Своето патување ќе го започне во Исонцо со молитва и положување венец на австриските воени гробишта во Фоглијано, а потоа ќе служи света Литургија во Редипулија за жртвите од Светските војни и војните во целиот свет
Папата ќе венча 20 пара во базиликата Свети Петар
На 14 септември папата Фрањо во базиликата Свети Петар за прв пат како Папа ќе венчава. Во базиликата Свети Петар 20 пара од бискупијата Рим ќе кажат „Да“ пред Господ.
Патување во Албанија
Папата Фрањо на 21 септември 2014 ќе отпатува на 11 часовна посета на главниот град на Албанија, Тирана. Таму ќе се сретне со претставници од политичкиот и верскиот живот, како и со свештеници, а ќе посети и еден каритативен центар за деца.
Света Литургија со дедовци и баби од светот
Со мотото „Благословот на долгиот живот“ светиот Отец ќе слави света Литургија со стари лица, а потоа ќе одговара на некои прашања поставени од нив.
РВ/го*ко