Честитка од бискупот Стојанов до поглаварот на МПЦ -ОА Архиепископот Македонски и Охридски г.г. Стефан

Честитка од бискупот Стојанов до поглаварот на МПЦ -ОА Архиепископот Македонски и Охридски г.г. Стефан

По повод добивањето на автокефалениот статус на МПЦ – ОА, Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монс. Киро Стојанов упати честитка до поглаварот на МПЦ -ОА Архиепископот Македонски и Охридски г.г. Стефан, до членовите на Светиот археиерејски синод на МПЦ-ОА, свештенството, монаштвото и до почитуваниот македонски православен народ, која ја пренесуваме во целост.

Ваше Блаженство,

по одлуката на Вселенската патријаршија и евхаристиското општење меѓу Македонската и Српската православна црква, кое се случи деновиве во Соборниот храм „Свети Сава“ во Белград и Соборниот храм „Свети Климент Охридски’ во Скопје, во мое лично име и во име на свештенството, монаштвото и верниот народ на Католичката црква во Македонија ја искажуваме нашата радост за напредокот во единството со останатите Православни цркви и Ви честитаме на досега оствареното.

Примањето на Телото и Крвта Господови во Светата Евхаристија, прави Божјиот народ да биде потесно соединет со Господ Исус Христос и еден со друг, зајакнувајќи ја истовремено меѓусебната љубов и почит, правејќи едно тело и еден Дух.

Доверувајќи го целиот овој процес под заштитата на нашата Владичица, Пресвета Богородица, посакувам Божјиот благослов и Промисла да Ве придружува на овој пат.

+Киро

Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх

Категорија: Вести, Македонија

За авторот