Чествување на Марија од Назарет во Радово од 6-9 октомври

Чествување на Марија од Назарет во Радово од 6-9 октомври

 Четврток 06.10.2016  18,00 Бројаница-Света Литургија; Наговор Отец д-р Зоран И. Стојанов, парох. Молитви на Верните, под водство на о. Трајче Ташев, капелан, вклучувајќи ги младите, средношколците и децата од основно училиште.

Петок 07.10.2016   18,00 Света Литургија; Молебен до Пресвета Богородица; Наговор о. Спасо Ристов парох во Нова Маала и Чанаклија. Молитви на Верните, под водство на о. Илија Стојанов, капелан вклучувајќи ги младите, средношколците и децата од основно училиште.

Сабота 08.10.2016  17,00 Тргнување во процесија кон капелите Марија од Назарет и Блажена Мајка Тереза. Процесијата ќе ја предводи Н.В.П. д-р Киро Стојанов, со свештениците, со учествуво на верници возрасни и деца: Министрантите и децата од основно училиште и предшколска возраст со своите родители носејќи во рацете икони и знамиња. По патот молење на Бројаница. Враќање во црквата. Св. Литургија, Наговор дон Давор Топиќ, декан и катедрален парох во Скопје.После литургијата своја програма имат младите и  средношколците – кратка презентација Power Point низ слики и видео запис.

Недела 09.10.2016  10,00 Света Бројаница; На крајот на Бројаницата Процесија со Марија од Назарет околу црквата; Света Архиерејска Литургија во 10,30 ја предводи и проповеда Н.В.П. д-р Киро Стојанов, скопски бискуп и апостолски егзарх во Македонија; Благослов за сите присутни. Заедничко Агапе.

Преку сите денови на Тродневницата можност за Света Исповед. Доколку не сте спречени од некои неодложливи задолженија се препорачува секојдневно присуство на молитвата со можност за добивање посебни милости во овие денови на празникот Марија од Назарет.

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот