Чанаклија: Молитвен 8-ми март

На меѓународниот ден на жената, 8 ми март во организацијата на парохиите од Апостолскиот егзархат во Македонија, во црквата „Свети великомаченик Георги“ – Чанаклија се одржа Молитвен 8-ми март на кој присуствуваа жени од повеќе парохии од егзархатот.

Средбата започна со Крстен пат, по што следуваше предавање од о. Спасо Ристов, на тема „Жените во Евангелието“. На самиот почеток тој ги пренесе поздравите на Н.В.П. монс. Киро Стојанов, како и неговата подршка за овие средби.

Средбата продолжи со дружење на жените во организација на жените од филијалната црква „Свети великомаченик Георги“ – Чанаклија.

Минатата година Молитвен 8-ми март се одржа за прв пат во парохијата Свети Иван Крстител – Струмица.

к.мк/го*ко

Категорија: Македонија

За авторот