Црквата во Македонија се приклучува кон молитвениот синџир „24 часа за Господ“
Кон иницијативата на папата Фрањо „24 часа за Господ“ се приклучуваат и повеќе парохии од Македонија, при што некои Цркви ќе бидат отворени за молитва во текот на 24 часа. Овогодишната тема е „Бог е богат со милост“.
Кон иницијативата на папата Фрањо „24 часа за Господ“ се приклучуваат и повеќе парохии од Македонија, при што некои Цркви ќе бидат отворени за молитва во текот на 24 часа.
Различните епископски конференции во Европа, од Холандија до Латвија како и епархиите во Луксембург, Стокхолм, Амстердам и Копенхаген, на своите интернет страници го имаат објавено промотивниот постер на иницијативата.
Во некои епархии се подготвуваат молитвени иницијативи, а во други едноставно се повикува на Папскиот совет за нова евангелизација.
„Во нашата епархија, иницијативата тешко ќе покрие 24-те часа од ден, но ние ги охрабруваме сите, во рамките на можното, да се приклучат, дури и за кратко време, кон молитвата на папата Фрањо – се наведува во пораката на епископот на Копенхаген Счеслав Козон. Ова може да се случи на пример, преку организирање на богослужби, бдеење со обожавање на Светата Причест или приклучувајќи се поединечно кон молитвата“.
Во Луксембург сите 24 часа за молитвата веќе се организирани од страна на Одделението за пасторална работа во соработка со сестрите фрањевки. Сепак, кој сака да се приклучи дополнително кон иницијативата може да се пријави онлајн на интерент страницата на епархијата.
РВ/В.Н.