Црквата ќе добие нови светци, блаженици и маченици

Црквата ќе добие нови светци, блаженици и маченици

Папара Фрањо на 19 декември 2017 година одобри 12 декрети за чуда, мачениптва и херојски крепости за 22 мажи и 5 жени, од осум нации.

Во текот на аудиенцијата на која го примо кардинлаот на Конгрегацијата за прогласување на светци, кардинал Анџело Амато, Папата даде одобрение на истата Конгрегација да ги прогласи декретите со кои се признаваат чудата и мачеништвото на вкупно 22 мажи и 5 жени, со што е отворен патот за нивно прогласување за блажени, и за херојските крепости на осум слуги и служителки Божји.

Меѓу потврдените декрети е и декретот со кој се признаваат херојските крепости на слугата Божји Стефан Вишински кардинал на Светата Римска Црква, надбискуп митрополит на Гнежен и Вршава, полски примас.

Со новите декрети се признати чудата кои се случиле по застапништво на чесните слуги Божји Жан-Баптиста Фукеа, потоа на Тибурзија Арнаиза Муноз, чесната слугинка Божја Марие Кармен Рендилес Мартинез, и мачеништвото на слугата Божји Теодор Илера Дел Олма и петнаесетте другари.

Освен на кардинал Вишински херојските крепости се признати уште на седум слуги и слугинки Божји, тие се: Алфонсо Барзан, DI, Паоло Смоликовски, Патрик Пејтон, Ана од свети Јосиф (световното име Марија Ана де Манзанедо), Луиза Марија Лангстрот Фугуера де Соса Варде Санта Марта Мескита е Мело (Луиза Андалуз), Ана дел Салваторе (световното име Марија Орси), и Марија Антонија Сама, верничка лаик.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот