Како плод на Синодалниот óд е формирана работна група за пасторал на болни во болнички услови
По предлот на Координативното тело за Синодата, а како плод на Синодалниот óд 2021-2023 и советувањата одржани во парохиите во Македонија со благослов на Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов е формирана работна група за „Пасторал на болни“ со посебен осврт на болничкиот пасторал. Членови на ова тело се именувани свештениците о. Ѓорги Трајков и о. м-р Атанас Сирачев.
Именуваните свештеници ќе се грижат за болните во болнички услови со делење на светите Тајни посебно Света Исповед, Елеопомазание на болните и Света Причест, како и со редовни посети и духовни разговори.
За понатамошните активности на работна група за пасторална грижа на болните заинтересираните ќе можат да се информираат подетално во сопствените парохии.
к.мк