Под геслото „Верата значи да делуваш“ надбискупијата на главниот град во Колумбија Богота започнува на 6 и 7 август кампања за солидарност со цел конкретни мерки за помош на најсиромашните.
На сите им е познато дека сиромашните квартови ги опкружуваат сите латиноамерикански главни градови, но конкретната помош на најслабите социјални групи е чин кој значи повеќе од убави зборови, се порачува на интернет страницата на надбискупијата на Богота и ги повикува верниците на акција и учествувањето во првиот добротворен маратон со кој се сака да се „допрат срцата на Колумбијците“ и да се поттикне на собирање на пари за социјална, пасторална и воспитна работа со која ќе им се помогне на повеќе од три милиони луѓе.
Во соопштението понатаму се потсетува дека Црквата со различни мрежи помага на 24.000 семејства, 27.000 мигранти и прогонети, 2.500 жени, 26.000 деца и млади како и на 77.000 возрасни. Извесно е дека здравствената криза е еден од главните фактори на зајакнување на нееднаквоста меѓу граѓаните на Богота, посебно меѓу најзагрозените. Во соочувањето со тие предизвици надбискупијата во Богота е присутна во различни градски квартови, посебно до оние каде сиромаштвото е најизразено.
Надбискупот на Богота Луис Хозе Руеда новиот претседател на Колумбиската епископска конференција, упати порака на надеж и милосрдие поседно до оние кои најтешко се погодени од пандемијата. Надбискупијата во Богота со кампањата сака да собере милијарда песоси – околу 221.000 евра за оние во потреба. Меѓу нив се во прв ред децата и младите без образование и семејство на работ на гладот. Останатото е наменето за проекти за здравствениот систем, борбата против невработеноста, домувањето и мигрантите.
Ватикан њуз/к.мк