На денешен ден, 26 август 1910 година, на тогашната улица „Поп Кочина” број 14, која што се наоѓала на сегашниот плоштад Македонија во Скопје е родена, Гонџа Агнез Бојаџиу – света Мајка Тереза
Мајка Тереза, заштитничка на сиромашните и немоќните ја паметиме како скромна жена во бела облека и сини ленти, која целиот живот го посвети служејќи на оние на кој помошта им е најпотребна. Оваа посебна жена ќе остане запаметена по своите големи дела, но и зборови, кои и денес се присутни меѓу нас.
Мајка Тереза во 2003 година е прогласена за блажена, а 13 години покасно папата Фрањо го потпиша декретот за канонизација, со која беше прогласена за света во 2016 година. (…)
По повод нејзиниот роденден донесуваме 15 нејзини цитати.
- Ако не можеш да нахраниш сто луѓе, нахрани само еден човек.
- Оние кои ги осудуваат луѓето, немаат време да ги сакаат.
- Некои луѓе во твојот живот влегуваат како благослов, а некои како лекција.
- Ние не сме создадени за да правиме големи работи. Но затоа можеме да правиме мали работи со многу љубов.
- Осаменоста и чувството дека не си сакан е најголемото сиромаштво
- Не е важно колку работиш, туку е важно колку љубов внесуваш во она што го работиш.
- За да го вратиме мирот не ни треба оружје и бомби, ни треба љубов и сочуство.
- Мирот започнува со насмевка.
- Пречекејате се едни со други со насмевка, затоа што насмевката е почеток на љубовта.
- Пронајдов парадокс. Ако некој го сакаш до болка, тоа значи дека болка повеќе нема да има, туку само многу љубов
- Мирот не постои. Тоа е затоа што заборавивме дека припаѓаме едни на други.
- Што можете да направите за да го промовирате мирот во светот? Оди дома и сакај го своето семејство.
- Најди време за игра, тоа е тајна за вечна младост.
- Секој кој ќе се приближи до тебе нека си замине подобар и посреќен.
- Во светот има повеќе глад за љубов и почит, отколку за леб.
к.мк