Папата Фрањо во базиликата Santa Maria di Collemaggio во Аквила го предводеше отворањето на Светите врати во склоп на „Целестинската прошка“ која трае од 28 до 29 август. Меѓутоа преку посебна постапка на Светиот Отец, „целестинската прошка“ ќе може да се добие се до 2023 година со исполнување на предвидените услови.
Како што стои во соопштението, со посебна дозвола на Светиот Отец, верниците и ходочасниците кои ќе одат во Аквила до 28 август 2023 година, ќе можат секој ден да добијат потполн опрост учествувајќи на обредот во чест на светиот Целестин V или собирајќи се на молитва во соодветно временско траење кај посмртните останки на светецот.
Понатаму, за добивање прошка потребно е да се исполнат вообичаените завети: да се измоли Верувањето, Оче наш и молитва на накана на Светиот Отец, како и пристап до светата Тајна Исповед и Причест во рамки на 8 дена пред или после учествувањето на обредот во чест на Целестин V или после молитвата кај посмртните останки на светецот.
Старите, болните и сите оние кои од сериозни причини не можат да го напуштат домот, исто така ќе можат да добијат потполн опрост после покајнието за гревовите и со накана што порано да ги исполнат трите вообичаени услови пред мала икона на свети Целестин, духовно учествуваат во славењата откако своите молитви и своите болки или страдањата во својот живот ги прикажат на милосрдниот Бог. Потполн опрост може да се измоли и за покојните.
Т.н. „Perdonanza Celestiniana” ја востанови папата Целестин V во 1294 година со издавањето на Папската була „Inter sanctorum solemnia”, позната како „Була на прошката“. Со неа е дадена прилика за потполн опрост на секој кој, исполнувајќи ги условите, ја посети базиликата Santa Maria di Collemaggio во било кој момент од вечерната служба на 28 август до вечерната служба следниот ден.
Папата Фрањо ја отвори Светата врата
Папата Фрањо во склоп на обедот на отворањето на Светата врата три пати зачука со стапот од маслиново дрво на Светата врата, по што е отворена за луѓето да можат да поминуваат. Папата помина некое време во молитва пред гробот на папата Целестин V пред да излезе и да ги поздрави на верниците.
Ватикан њуз/к.мк