Папата Фрањо изрази близина со народот на Хаити

Папата Фрањо изрази близина со народот на Хаити

По молитвата Ангел Господов, папата Фрањо повика на прекин на насилството на Хаити. Тој поттикна нова поддршка од меѓународната заедница, но не заборавајќи ги и другите воени жаришта: Демократска Република Конго, Светата Земја и измачената Украина. Светиот Отец молеше непријателствата, кои предизвикуваат огромно страдање меѓу цивилното население, да завршат што е можно поскоро. Покрај тоа, ги поздрави муслиманските верници за кои започнува Рамазан

Папата Фрањо во недела на 10 март 2023 по пладневната богородична молитва, која ја молеше од Апостолската палата, ја изрази својата загриженост и тага за сериозната криза што го погоди Хаити и насилните настани од последните денови и ја изрази својата близина со Црквата и саканиот народ кои со години поминува биз големи страдања.

Ве повикувам да се молиме, со посредство на Пресвета Богородица, секое насилство да престане и секој да придонесе за зголемување на мирот и помирувањето во земјата, со обновена поддршка на меѓународната заедница.

Мир во Демократска Република Конго

Папата го спомена и почетокот на Рамазан, кој почнува вечерва – како што рече – за браќата муслимани, најсветиот месец во исламот. Папата ја изрази својата близина со сите нив.

Поздравувајќи ја католичката заедница на Демократска Република Конго во Рим, Светиот Отец уште еднаш ги поттикна да се молат за мир. Мир во таа африканска земја, како и во напатената Украина и во Светата Земја – рече Папата, нагласувајќи:

Нека престанат што е можно поскоро воените дејствија, кои предизвикуваат огромно страдање меѓу цивилното население.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот