Да застанеме пред божиќната пештера или пред некоја икона на која е претставено Рождеството Христово. Да го побараме со очи Богомладенецот и говорејќи со нашето срце да му ги пренесеме сите нашите потреби, проблеми, болки, таги, радости, благодарности…. Но исто така и да се прашаме дали ќе му дозволиме да го допре нашето срце и да влезе во нашите животи – во нас, наместо ладна витлеемска пештера, да најде топол дом, во кој Богомладенецот ќе расте во нас, а со него и ние ќе растеме во мудроста и искуството на верата. Да му кажеме „ДА“ на Богомладенецот и радосно да го прифатиме во нашите животи, како што тоа го направи Богородица, нашата Мајка и заштитничка.
Нека ви е благословен празникот Рождество Христово и Божјиот благослов нека ве прати на сите ваши патишта. Христос се роди – славете Го!
Редакција на Католици.мк