Христијанскиот пат не е осветата, туку понизноста и кроткоста

Папата Фрањо во вторник 1 октомври во капелата на домот Света Марта служеше Света Литургија со членовите на Кардиналскиот совет, кој од 1-3 октомври ќе заседава во Ватикан. Папата во проповедта посака тоа заседание сите да нѐ направи да бидеме понизни и со доверба во Бог, за да може Црквата веродостојно да му сведочи на народот. Исус ги укори двајцата апостоли кои сакале небесниот оган да слезе над оние кои не го примиле.

Говорејќи за Евангелието од денешната Литургија, Папата истакна дека христијанскиот пат не е пат на освета, туку е пат на понизност и кроткоста – рече Папата потсетувајќи на света Тереза од Детето Исус, чиј празник денес црквата го слави. Би било добро да размислиме за тој дух на понизност, нежност и добрина, кој Господ го очекува од нас. „А каде е силата која нѐ доведува до тој дух?“ – запраша Папата Фрањо, и одговори дека е во љубовта, во свеста дека сме во рацете на Отецот. Ако сме свесни на тоа, тогаш нема да ни падне на ум да го повикуваме небесниот оган – рече Светиот Отец.

Тогаш не надахнува поинаков дух, дух на љубовта која сѐ поднесува, сѐ простува, не се фали, понизна е и великодушна. Некој би можел да каже дека така се понижува човечкото величие; некои филозофи така размислувале, но тоа размислување е стерилно. Таа понизна светица, целосно предадена на Бог, Црквата ја прогласи за заштитница на мисиите – потсети Светиот Отец.

Силата на Евангелието е токму во понизноста, бидејќи Евангелието ја достигнува највозвишената точка во Исусовата понизност, која станува понижување. А силата на Евангелието е токму во понизноста на детето кое се препушта да го води љубовта и нежноста на Отецот – кажа Светиот Отец.

Потсетувајќи на Папата Бенедикт XVI кој рече дека Црквата не расте заради прозелитизмот, туку заради привлечноста, заради сведочењата, папата Фрањо истакна дека народот кога гледа вистинско сведочење, чувствува потреба да зборува за тоа што го вели пророк Захарија: „Одиме со вас!“ Пред сведочење на понизна и ненасилна љубов која го почитува Бог и служи на другите, луѓето ја чувствуваат таа потреба – објасни Папата.

Едноставна е љубовта: почитување на Бог и служење на другите. Сведочењето на вистинска љубов ја воздигнува Црквата. Света Тереза од Детето Исус, понизна чесна сестра, која целосно му се предаде на Бог, прогласена е за заштитница на мисиите, бидејќи нејзиниот пример го поттикнува народот да говори: „Одиме со вас.“ Папата ја заврши проповедта мислејќи на заседавањето на Кардиналскиот совет, кој го формира за да му помогне во водењето на Црквата.

Во Ватикан денес започнува советувањето со кардиналите советници. Да молиме Господ во денешната работа да не направи повеќе понизни, поблаги, потрпеливи и со доверба кон Бог за да може Црквата на народот да му пружи прекрасно сведочење, а народот гледајќи го Божјиот народ, односно Црквата, да почувствува желба да оди со нас – заклучи Папата Фрањо.

Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот