Христијанската надеж не се темели на човечките сигурности

Христијанската надеж не се темели на човечките сигурности

Како Авраам, отворето го срцето за верата и Бог ќе го направи тоа што го ветил – е поттикот на папата Фрањо упатен до верниците во катехезата на Генералната аудиенција одржана на 29 март 2017 година на плоштадот Свети Петар.

Светиот Отец продолжува со серијата катехези за христијанската надеж која треба да се заснова на верата.

Надежта треба да се заснова на верата, а не на човечките расудувања и сигурности

Авраам не е за нас само „татко на верата“, туку и „татко на надежта“. Авраам е постојан во надежта против секоја надеж, без сомнение – рече Папата и објасни: Станува збор за надеж која не се заснова на човечки сигурности, туку е вкоренета во верата. И нам ни се објавува Бог Кој спасува. Бог Исус воскресна од мртвите за и ние во Него да можеме од смрт да премениме во живот, и да бидеме ново човештво.

Нашата надеж не се потпира на човечките расудувања, предвидувања и сигурности – истакна потоа Светиот Отец. Таа се покажува таму каде повеќе нема надеж, каде повеќе нема ништо на што човекот би можел да се надева, токму онака како што се случило со Авраам, соочен со непосредната смрт и со неплодноста на жената Сара. Се ближел нивниот крај, не можеле да имаат деца, и во таа ситуација Авраам поверувал и негувал надеж против секоја надеж. Во тоа е величието! Големата надеж се заснова на верата, и токму заради тоа може да се оди понатаму од секоја надеж. Не се заснова на нашите, туку на Божјите зборови – рече папата Фрањо.

Една е цената: да се отвори срцето за верата

Затоа сме повикани да го наследуваме примерот на Авраам кој иако бил пред реалноста која изгледала наклонета кон смртта, се доверува на Бог, уверен дека може да го направи она што го ветил. За да се оствари тоа, потребно е – според зборовите на Папата – да се отвори срцето за верата. Отворете ги своите срца и тогаш Божјата сила ќе ве води напред, ќе прави чудесни работи и ќе ве научи што е надеж. Таа е единствената цена: да се отвори срцето за верата, а Тој ќе го направи останатото – истакна Светиот Отец.

Ако имаме отворено срце, ќе се сретнеме на небесниот плоштад

Тоа ветување не доаѓа од било кој, туку од Бог кој е воскресение и живот – рече Папата и : Затоа да не се потпираме на своите сигурности, на своите способности, туку на Божјото ветување, како што направил Авраам, затоа што кога Бог нешто ветува, го остварува тоа што го ветил. Никогаш не го изневерува дадениот збор – истакна Папата.

Денес сите сме на плоштадот – додаде Папата – да воздигнеме благодарност до Господ, ќе ја испееме Оче наш, а после ќе примете благослов… Но, тоа поминува. Но, тоа е и ветување на надежта. Ако ние денес имаме отворено срце, ви гарантирам дека сите ќе се сретнеме на плоштадот на Небото кое никогаш нема да помине. Тоа е Божјото ветување и тоа е нашата надеж, ако ги отвориме своите срце – истакна на крајот папата Фрањо.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот