Христијаните со својот живот треба да го сведочат Исус

Христијаните со својот живот треба да го сведочат Исус

Во проповедта на светата Литургија во парохијата Света Марија Сетевиле во Гвидони, Светиот Отец зборуваше за литургиското Евангелие кое говори за сведоштвото на Иван за Исус.

Во проповедта на светата Литургија во парохијата Света Марија Сетевиле во Гвидони, Светиот Отец коментирајќи го литургиското Евангелие кое говори за сведоштвото на Иван за Исус, рече дека некои ученици на Иван слушајќи го сведоштвото на Крстителот тргнале по Исус и своето задоволство го изразиле со зборовите: „Го најдовме Месијата(Иван 1, 41). Тие се сретнале со Исус затоа што слушнале и поверувале на сведоштвото на Иван – истакна Папата додавајќи:

Така се случува и во нашиот живот. Има многу христијани, свештеници и епископи кои исповедаат вера во Исуса. Дали сите го сведочат Исуса или се „така наречени“ христијани или следбеници на некоја филозофија? Христијанин сум, се покорувам на заповедите, треба да го правам ова и ова, како навивачите на некој фудбалски тим. Христијанскиот живот не се состои во почитувањето на некои обичаи; да се биде христијанин најпрво значи да се сведочи Исус, што правеле апостолите, затоа Евангелието се шири по целиот свет – рече Светиот Отец.

Говорејќи пак за сведоштвото на апостолите, Папата рече дека сите биле грешници; го негирале и предале својот Учител. Биле грешници, а сепак биле Исусови сведоци. Сведоштвото и мачеништвото е иста работа. Некои за Исус сведочат во секојдневниот живот, а некои го сведочат со жртвувањето на сопствениот живот. Сите апостоли, како и ние, грешеле. Петар првиот Папа, го негирал Исус. По чудесниот услов на риба, Исус на Петар му рекол: „Оди си од мене Господи, јас сум грешник.“ Да бидеме сведоци не значи да бидеме свети, туку значи да се признае дека Господ е Спасител – објасни папата Фрањо.

Би сакал да ви оставам една порака, продолжи Светиот Отец. Сите го сфативме тоа што го зборував за сведоците и грешниците. Читајќи го Евангелието, кај апостолите не забележувам меѓусебно озборување. Некои биле склони на насилство, некои на предавство, некои се плашливци, но не биле озборувачи. Еден со друг не се озборувале. Сите сме грешници, но ако во некоја заедница има озборување и муабетчии, тогаш таа не е способна да го сведочи Исус – рече Папата додавајќи:

Ако заедницата сака да биде совршена, тогаш мора да го отстрани озборувањето. Ако имаш нешто против некого кажи му во лице или кажи на парохот затоа што според Евангелието Исусовите сведоци сите по ред се грешници, меѓусебно не се озборувале. Ако во една парохија нема озборување, тогаш е совршена; во неа грешниците се сведоци. Така сведочеле првите христијани: Взаемно се сакале. Започнете со взаемна љубов. Нека Господ ви даде милост едни со други да не се озборувате – заврши Папата Фрањо.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести, Проповеди

За авторот