Христијаните во Ирак сакaат да останат и да живеат со другите

Христијаните во Ирак сакaат да останат и да живеат со другите

Христијаните во Ирак сакаaт да останат и да живеат со другите во Ирак. Тие се молат за мир во цел свет и цврсто веруваат во нов живот во Ирак, изјави Рула Дабабнех фоколаринка од Ербил.

Ирак сака да се врати во живот, а малиот број христијани кои останаа во Ирак се обидуваат да изградат заедничка иднина. Тие не престануваат да се молат за мир во светот. Ирак е земја богата со човечки ресурси. Во ирачкиот народ има многу разновидност, разни религии и различни начини на живеење и покрај сѐ луѓето сакаат да живеат заедно, иако се чувствува дека некои сакаат да го уништат националното единство – изјави Рула Дабабнех фоколаринка од Ербил.

На забелешка дека народот сака нов живот, таа ја истакна цврстата вера на Ирачаните. Народот е многу религиозен, цврсто верува во нов живот, а таа сила на верата се чувствува и во Црквата во Ирак. Можеме да се надеваме на иднината, можеби таа нема да биде како порано, можеби ќе има поинакви карактеристики… но Ирак ќе се обнови.

На прашање за наканите на нивните заеднички молитви кажа дека молат за мир во светот, не само во Ирак; се молиме за мир во сите држави. Христијанската заедница е многу чувствителна на страдањата на другите луѓе. Кога Италија ја погоди земјотрес, христијаните организираа собирање на пари за помош на настраданите семејства – рече Рула Дабабнех.

А на прашањето што мисли за оние кои светот ги смета за непријатели на Ирак истакна дека била многу изненадена кога слушнала како еден христијанин вели: „Се молиме за оние кои ни го направија ова зло.“ Не е лесно да се изговорат овие зборови. Во Ирак христијаните се ранети и повеќе пати прогонувани. И покрај тоа Црквата секогаш поттикнува на молитва за сите кои тоа ни го направиле, затоа што единствено молитвата може ова зло да го трансформира во добро – заклучи Рула Дабабнех.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот