Хрватска уставно го дефинира бракот како заедница меѓу жена и маж
На референдумот на 1 декември 2/3 од гласачите изгласаа во Уставот на Република Хрватска да се впише одредбата дека бракот е заедница помеѓу маж и жена. Со тоа бракот станува уставна категорија, во која се дефинира како заедница помеѓу маж и жена. Според резултати објавени од Државната изборна комисија 66 % од гласачите гласаа ЗА бракот да се дефинира како заедница меѓу жена и маж, а 33 % против.
Референдумот беше инициран од граѓанската иницијатива „Во име на семејството“, кое собра повеќе од 750.000 потписи за распишување на референдумот.
Дражен Вукотиќ, портпарол на иницијативата за референдумот, нагласува дека токму младите луѓе се ангажирале за промена на Уставот. „Уште при собирањето на потписи за референдумот во мај учествуваа 6.000 волонтери, и тоа пред сѐ млади луѓе“, изјави Вукотиќ. „Исто така, ако се погледне поддршката преку Фејсбук, тоа се пред сѐ млади меѓу 18 и 30 години.
„Не можам да искажам колку сум ви благодарна на сите вас… се зборовите на Маркиќ, преставничка на иницијативата во „Име на семејството“, која беше прекината од овациите од насобраните симпатизери.
Покажавме дека знаеме да се бориме како Давид кога се бореше со Голијат, во ист правец да ги упатиме сите наши прачки. Овој пат за заштита на бракот, следниот пат за нешто исто така многу важно. Ви благодарам на сите – рече претставничката на граѓанската иницијатива Маркиќ.