Во среда 24 септември 2025 година во попладневните часови Католичката црква во Македонија беше посетена од лица посветени на Бога по потекло од Јањево, Летница и околните парохии: бискупи, свештеници, чесни сестри и богослови .
Бискупот Стојанов им изрази добредојде на Н.В.П. монсињор д-р Петар Палиќ, бискуп Мостарско-дувањски и апостослки управител Требинско-мркански, на Н.В.П. монсињор Роко Гласновиќ, бискуп Дубровачки кои ја предводеа ходочесничката група од околу 50 свештеници, чесни сестри и богослови, запознавајќи ги со реалноста на Католичката црква во Македонија и нејзината новонастаната структура по промените на овие простори.
Имено, бискупите, свештениците, чесните сестри и богослови по потекло од Јањево, Летница и околните парохии кои денес дејствуваат во Хрватска, Босна и Херцеговина и по светот во оваа Јубилејна година организираа ходочестие на корените на своите предци. Живи духовни звања од тие парохии ги има 121 свештеник, чесни сестри, богослови и два бискупа.
До 2000 година овие парохии беа во склоп на тогашната Скопско-призренска бискупија, а Скопската катедрала „Пресвето Срце Исусово“ мајка Црква на сите цркви во бискупијата. По тој повод во оваа Јубилејна година ја посетија и Катедралата во Скопје како и Спомен куќата на Света Мајка Тереза, места во оваа Јубилејна година одредени за добивање полн опрост. Многумина од нив завршиле школување во Бискупската семинарија и гимназија во Скопје, дел од чесните сестри дејствувале во Македонија. Покрај Јубилејното ходочестие беше и повод за потсетување на добрите спомени од минатото.
Бискупот Стојанов изразувајќи им благодарност за посетата и молитвената поддршка, воедно истакна дека секогаш се добредојдени во својата матична бискупија и им посака да се чувствуваат секогаш дома. На крајот им го подели свој апостолски благослов.
к.мк