Првата дама г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска во посета на Македонски Каритас

Првата дама г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска во посета на Македонски Каритас

На 11 јануари 2023 година Првата дама на државата г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска, го посети Македонски Каритас, при што оствари средба со директорот о. д-р Зоран И. Стојанов.

Посакувајќи ѝ добредојде и благодарност за посетата, директорот ја запозна со тековните програмски активности и со идните проекти на Каритас. Првата дама донираше прехранбени производи за луѓето кои живеат во екстремна сиромаштија, а потоа заедно со тимот на Каритас и пастор Кристијан Калинов подготвија пакети за донација и реализираа теренска посета во домовите на корисниците. Г-ѓа Ѓоргиевска изрази особен интерес за активностите на Македонски Каритас и желба за понатамошна подршка и взаемна сорабока во интерес на луѓето во потреба.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот