Советот за „Семејство и општество“ на Француската епископска конференција ја критикува измената на законот кои француските пратеници ја изгласаа во рамки на новиот нацрт законот за „училиште на доверба“, во кој во училишните печатени обрасци терминот ‘татко’ и ‘мајка’ се заменуваат со термините ‘родител 1’ и ‘родител 2’.
Повторно со жалост потврдуваме дека ова е обид на Парламентот да ја разруши семејната реалност со изговор за изедначување на административните обрасци – пишува претседателот на спомнатиот совет, епископот Бруни Феилет. Далеку од тоа дека е застарена праксата за употреба на термините ‘мајка’ и “татко’, туку напротив тоа му дава на секој од нас да се идентификува со идните генерации – напоменува епископот.
Според мислењето на епископот Феилет, тоа е уште еден облик на родовата идеологија како би се отстранила разликата помеѓу родител од ист или различен пол. Освен тоа, епископот прашува кој би бил родител 1, а кој родител 2? А во случај на развод, бројот 2, дали ќе стане 1? – прашува епископот и истакнува дека на крајот се надева како здравиот разум ќе го најде своето место, најмногу поради она што е најважно, а тоа е доброто на децата.
Ватикан њуз/к.мк