Уништени 70 цркви во централна Нигерија

Макурди, 30.4.2013 /к.мк/ – Во сојузната држава Бенуе во централна Нигерија уништени се 70 цркви во текот на неколку недели, јави агенцијата Фидес во текот на викендот, повикувајќи се на информации од Екуменскиот совет на Нигерија.

Во покраината Гвер Вест се запалени или потполно се уништени 30 цркви, а христијаните се протерани. Уште 40 цркви се „срамнати со земја“ во покраината Гума. Според агенцијата Фидес, направено е штета и на неколку црковни училишта. Нападите ги започнала секта Боко Харам и радикалните исламистички групи фулани изјави за ватиканската агенција преседателот на организацијата „Христијански заедници Нигерија“ протестанскиот пастор Јуман Орквар.

Како што изгледа позадината за уништувањето се судирите меѓу претежно муслиманските групи Фулани и етнички групи Тив, кој пак се главно христијани.

Категорија: Свет

За авторот

Write a Comment

<