Уличен пасторал на аргентински свештеник

Несекојдневна сцена ги изненадила жителите на аргентинскиот град Мендоза!

На канделабарот спроти црквата Свети Јаков и Свети Никола во пресрет на Божиќ стоеше известување: „Јас сум отец Марсело. Исповед, благослови и совети,“ а на клупата на страната облечен во стихар со пурпурен епитрахил околу вратот седеше свештеник.

Станува збор за парохот на спомнатите парохии отец Марсело де Бенедектус кој до оваа интересна идеја „уличен пасторал“ дошол слушајќи го толку спомнуваниот повик на папата Фрањо упатен до Црквата – да излезе на улиците и перифериите на градовите за да ја донесе Радосната вест на сите.

-Среќен сум заради тоа. Идејата стануваше се појасна малку по малку преку молитвата и конечно дојде моментот да ја спроведам во дело. Ако Бог нешто вдахне мораме да делуваме – објаснува о. Марсело кој преку недела дена седејќи на клупата ги примал сите кои сакале исповед или разговор.

-Колку добрини можеме да направиме со еден едноставен и природен гест. Исус нè учи токму на такво делување – вели парохот истакнувајќи ја убавината на тоа искуство кое „на прво место се покажа во средбата со луѓето со оптеретени срца и души.“

Уште еднаш вели можев да ја искусам колкава е потребата и силата на светата Тајна Исповед преку која „Христос нè допира, лекува ни го враќа достоинството и смислата на нашиот живот исполнувајќи го со мир, доверба и ведрина.“

М.В./Битно.нет/к.мк/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Свет

За авторот