Убавината на празникот Пресвета Евхаристија
За да ја сфатам целата убавина на празникот на Пресветата Евхаристија ми помогна современата технологија. Не разбирам на кој начин еден уред кој може да се стави да кажеме во паричник станува неописливо богат и полн со содржини кога ќе го вклучиме на некој кoмпјутер: „стик“. Несфатливо ми е во толку мало, едноставен и на изглед, по ништо не атрактивен „предмет“ може да се чува толку многу убавина – фотографии, музика, филмови, па и цели книги! Фантастично! Фантастично. Треба само да се има содржината, „стикот“ и – компјутер! Ако добро сфатив!
А Евхаристијата е само малку леб, капка вино и – „стикот“ на верата!
За мене Евхаристијата и убавината на Божјото постоење, преданост, добрина, прифаќање, искуството на небото и љубовта, вкусот на вечноста која како капка по капка се изливаат во „жедната, сува, безводна“ душа.
Од Првата света Причест кога детските очи ќе заблескаат од нова радост до старците и стариците кои по примената причест во длабока собраност коленичат и се заблагодаруваат – чудото на Божјото присуство во причеста се разлева во нашите души како предвкус на небото и гаранција дека небото навистина постои!
Од сè што е привлечно во животот брзо се заситуваме и брзо бараме ново задоволство, но од лебот насушен кој од храната единствено го молиме секој ден во Господовата молитва – никогаш не се наситуваме, и – од Евхаристискиот леб кој го примаме како свештеници и побожни верници – секој ден, со години!
Можеме ли да се наситиме од сонцето и неговата светлина? Можеме ли да кажеме дека ни е доволно воздух и дека засекогаш сме заситени со дишањето? Можеме ли да го замислиме секојдневниот живот во мрак? Можеме ли хармонично да живееме без Светлината на светот? Без „Лебот кој доаѓа од небото“? Можеме но, тој не е вистински живот! Тоа е егзистенцијално вегетирање! Тоа е „стик“ на живот без содржина! Празен, краткотраен и бесмислен…
На празникот на Пресветата Евхаристија – да ги отвориме своите срца, своите души и „стикот“ на верата да го вклучиме во животот на вечната радост која започнува сега! Денес! По искрената исповед и подготвеноста да се живее по дикатот на Божјата волја и својата совест! Целата убавина на воскреснатиот Бог денес ни е дарувана на вистинско вкусување! Од денес – до вечноста!
Ана Пениќ/к.мк/Д.И.