Убавата жена и двајцата монаси

Убавата жена и двајцата монаси

Во дамнина, двајца монаси шетале низ шумата и дојделе до една река. А таму убава и млада жена чека некој за да ѝ помогне. Бидејќи не знаела да плива ги замолила монасите дали некој од нив ќе може да ја пренесе на другата страна.

Постариот монах ја зеде во прегратките, ја подигна и ја пренесе преку реката. Помладиот монах беше воодушевен од она што го направи постариот монах.

Откако тргнаа по својот пат го праша постариот монах дали не му беше срам во прегратките така блиску да држи толку убава жена. „Помлади брате“ – рече постариот монах, „ја зедов само во раце и само ја пренесов на другата страна од реката. Ти сепак ја зеде во своите мисли и сѐ уште не ја испушташ!

к.мк

Категорија: Вера, Духовност

За авторот