Како да се побегне од цврстиот стисок на стравот

Како да се побегне од цврстиот стисок на стравот

Не постои посигурен начин дека нема да се успее во животот од стравувањето. Ви пренесуваме пет начини како да побегнете од цврстиот стисок на стравот.

Ништо нека не те плаши, ништо да не те вознемирува.

Сѐ поминува, Бог останува ист.

Трпеливоста сѐ постигнува.

Кој го поседува Бога, ништо не му недистасува.

Само Бог е доволно.

– Терезија Авилска

Не постои посигурен начин дека нема да се успее во животот од стравувањето. Стравот парализира и прави да не преземаш ништо, да не сакаш никого, да не создаваш ништо и конечно, стануваш никој. Тоа е причината зошто ние, католиците, секогаш мораме да се стремиме кон отфрлување на секој страв и сомнеж од нашите животи за да можеме да станеме чудни синови и ќерки Христови какви што Бог сака да бидеме.

Еве 5 начини како да се ослободите од стравот и да го живеете животот кој што Бог ни го дал.

Сфати дека неуспехот не е крај, туку нов почеток

Никој не сака да доживее неуспех, но што ако знаеш дека секој нов неуспех ќе те приближува сѐ поблиску и поблиску кон тоа каков што си создаден да бидеш? Неуспехот не е лоша работа.

Бог е Бог кој нѐ сака толку што, не само што ни ги простува гревовите, туку нѐ обликува во налик на себе си. Тоа обликување вклучува искушенија и страдања кои мораме да ги надминеме за да можеме, пред да станеме „нов човек“, да го отфрлиме „стариот човек“.

Не дозволувај стравот да стане реалност

Стравот Божји е одличен и добар. Меѓутоа, неоснованиот страв никогаш не може да биде добар.

Стравот од данок во светот на бизнисот пред да започнеш некој бизнис, стравот од евангелизација на твојот сосед атеист, стравот од говор пред публика – не се добри.

Кога замислуваш дека нема да успееш, пред и да се обидеш, проектираш реалност која не е реална. Во твојот ум неоснованиот страв секогаш се обидува да направи реалност пред времето кое објективно не е вистина.

Знај дека неоснованиот страв доаѓа од злото

(…)Неоснованиот страв нѐ спречува да го правиме тоа што Бог од нас го сака. Неговата цел е да нѐ држи подалеку од онаа лекција која Бог сака да ја научиме за да станеме следниот светец кој ги уништува ѓаволските планови.

Знај дека со причина си парализиран

Постои многу добра причина зошто се плашиш. Создаден си да бидеш силно и славно исполнето дете Божјо. А ако тоа се исполни, стануваш многу, многу силен противник на ѓаволот и противник на сите негови дела.

Сигурен сум дека ѓаволот не сака тоа да се случи…

Тоа значи дека стравот е одличен начин како да те држи на убаво и удобно место каде што си сега за да не предизвикаш проблеми.

Не дозволувај тоа да се случи.

Придружи се на своите браќа и сестри христијани

Придружи се на останатите католици кои сакаат да се борат против своите стравови, без разлика какви стравови се тие.

Вклучи се во католичката работна група или молитвена заедница, или придружи се на католиците кои се во служба на евангелизаија.

Колку повеќе си опкружен со оние кои се стремат да бидат најдобри што можат да бидат, толку повеќе ќе ги имитираш и ќе станеш „католичка куќа на силата“!

Жена Врсна/к.мк

Категорија: Вера, Духовност

За авторот