Трогателна објава на американскиот глумец Дејвид Хенри

Трогателна објава на американскиот глумец Дејвид Хенри

Брачниот пар и покрај трите спонтани абортуси никогаш не ја изгубил верата, а во тоа, како што вели глумецот, имале мала помош од папата Фрањо…

Американскиот глумец Дејвид Хенри, кој што се прослави во филмовите на Дизни, и неговата сопруга Марија станале родители на малата Пија Филомена Франциска. Глумецот среќната вест ја објавил на инстаграм. Со фотографијата од болничката соба, на која што во раката го држи своето дете, глумецот го опишува тешкиот пат до родителството, па така објаснил зошто на своето дете одлучиле да му го дадат прекрасно католичко име.

Во трогателната објава објаснува како со сопругата до овој прекрасен момент – раѓањето на првото дете, морале да поминат низ искушенија. „Мора ова да го споделиме со вас. Немав поим колку може да биде тешко да се основа семејство. Нашата мала Пија Филомена Франциска има уште браќа и сестри затоа што јас и Марија имавме три спонтани абортуси“, вели тој.

Младиот глумец потоа раскажува како на младиот брачен пар им било многу тешко да закрепнат после спонтаните абортуси. „И покрај тоа знаевме дека, ако еден ден сакаме да го пригрнеме нашето дете, не смееме да дозволиме оваа трагедија да влијае на нашиот брак, туку уште повеќе да нè зближи“, објаснува глумецот.

Брачниот пар никогаш не ја изгубил верата, како што вели глумецот, имале мала помош од папата Фрањо. Имено, брачниот пар во текот на една посета на Ватикан од Папата побарал да се моли за нивното идно дете. „Папата ја зеде во раката нашата порака, ги спои и нè благослови. Потоа ме погледна и ми рече дека бебето ќе дојде. Тоа се случи отприлика пред девет месеци“. Глумецот има порака за сите оние кои се скршени поради спонтаниот абортус и очекуваат бебе: „Молете, надевајте се и немојте да се грижите. Никогаш“.

Битно.нет/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот