Честитка на епископот Стојанов до поглаварот на ИВЗ г-дин Реџепи по повод празникот Рамазан Бајрам

Честитка на епископот Стојанов до поглаварот на ИВЗ г-дин Реџепи по повод празникот Рамазан Бајрам

Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх. монс. д-р Киро Стојанов, во негово лично име и во име на духовенството и верниците на Католичката Црква во Македонија по повод големиот муслимански празник Рамазан Бајрам, упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница г-дин Реџепи и до сите граѓаните со исламска вероисповед во Македонија, посакувајќи им Господ Бог да ги обдари со своите неизмерни благодати.

Истакнувајќи ја ситуацијата со КОВИД – 19, во која верниците требаше да го поминат постот, молитвата и милостината, им посакува Бог обилно да ги награди настојувањата за доброто на секој поединец во семејството, заедницата и општеството – стои во честитката на бискупот Стојанов упатена до поглаварот на ИВЗ г-дин Реџепи, а по повод празникот Рамазан Бајрам.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот