Трговски центар во главниот град на Колумбија стана најголемата исповедалница на светот!
Годината на милосрдието се приближува кон својот крај, а свештениците од Колумбија се одлучиле со своите верници уште еднаш да посведочат и да го приближат Божјото милосрдие. Вдахнати од зборовите на папата Фрањо кој на Црквата ѝ порача да излезе на улиците и да биде знак на Божјото присуство на секое место, речиси 120 свештеници собрани на свештеничко фудбалско првенство по забавното натпреварување на фудбалскиот терен, два дена посветија за исповедување во трговскиот центар Gran Estacion Mall, пишува CNA.
И додека едни со чудење ги набљудуваа свештениците, за други нивното присуство беше вистински поттик и трпеливо чекаа во ред за исповед.
За Гледис Лопес тоа беше можност за тргнување на товарот кој го носела на душата.
„Бог ти дава можност да ја очистиш совеста и да го отстраниш она што те оптеретува и те турка надолу во твојот живот. Тоа е можност која секој треба да ја искористи,“ рече Гледис.
А доказ дека оваа иницијатива на колумбиските свештеници е со полн погодок докажува и примерот на Луз Естел Реј кој по долги години конечно се исповедува и „повторно доби мир.“
По исповедувањето во трговскиот центар свештениците го посетија затворот во Богота и на затворениците им ја приближија Божјата љубов и милсордие.
к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк