Во една парохија живеела една мајка која секоја прва сабота во месецот давала да се служи света Литургија за духовни повици и самата таа присуствувала на таа света Литургија. Тамошниот парох се радувал што има такви добри верници кои ја препознаваат и подржуваат големата потреба на Црквата за духовните повици. Тоа заземање и молитва го охрабрувала во неговиот секојдневен живот и звање.
На таа мајка со текот на времето децата веќе ѝ пораснале. Еден ден дошол едниот син кој одлучи да појде во богословија. Таа своја желба и одлука момчето најпрвин ја доверил кај својот парох. Парохот многу се израдувал дека молитвата на неговата мајка го донела првиот плод токму во нејзиното семејство. Свесен за важноста на одлуката, парохот го советувал момчето за својата одлука за стапување во духовниот повик да разговара со своите родители.
И навистина еден ден момчето ја доверил на мајка му својата одлука, дека сака да појде во богословија. Но, она што го збунило и изненадило била реакција на мајката: „Нема шанси! Не се молeв јас, Бог да го повика моето дете, туку некој друг.“ Тогаш момчето се обидело да ѝ укаже на својата мајка дека не може таа да му одреди на Бог кој ќе го повика кон себе. На тие негови зборови мајката се потсмевала и рекла: „Да! Токму тебе те повикал“! После почетната збунетост момчето малку се прибрал и се смирил па ѝ одговорил на својата мајка: „Мајко, не можам тоа да ти го објаснам, но јас не се гледам во животот никаде на друго место освен во духовниот повик. Тоа е моето остварување.“ Мајка му повторно енергично одговорила: „Не! Нема шанси!“
Едно утро мајката станала и погледнала во собата на синот, а него го немало никаде во куќата, ниту пак во дворот. Бргу сфатила дека синот одлучил својата одлука да ја спроведе во дело и покрај жестокото противење на мајката. Татко му околу изборот на синот бил воздржан, па тоа дополнително го охрабрило да се „повлече“ во богословија. Меѓутоа, мајката веднаш се подготвила и тргнала да го врати дома. Стигнала и заѕвонила на врата од богословијата со прашање дали овде се наоѓа нејзиниот син. Вратарот, не знаејќи за што точно станува збор, веднаш признал дека рано утрината кај нив пристигнало едно момче. На тие негови зборови мајката веднаш почнала да вика и да го бара нејзиниот син веднаш да се врати дома. Не вредело никакво уверување дека одговорните во богословијата тука немаат никаква одговорност, туку дека тоа е исклучиво слободна одлука на момчето. Кога момчето ја слушнал силната врева, одлучил дека не треба да прави голем проблем па така со својата мајка се вратил дома. Враќајќи се назад во семејниот дом, молечел со денови не разговарајќи со никој од домашните. На неговиот татко сето тоа тешко му паднало па се обидел на разни начини да го расположи и утеши. Кога на своите очи и уши тоа го видела и слушнала мајката, настанал помеѓу родителите тешка расправија. Таквата состојба траела неколку месеци сѐ додека момчето не се разаболело и психички и физички.
После скоро година дена мајката доаѓа кај истиот парох со молба да се служи Литургија за здравјето на момчето со зборовите: „Страшно згрешив затоа што застанав на патот на Бог до повикот и среќата на мојот син“. Две години после тоа парохот го предводел погребот на тоа момче. На родителскиот плач при тоа му немало крај. Парохот не можел да моли од мајчиното плачење и очајување. Но, со смиреност и рекол: „Сега веќе нема никаква корист од оајување и плачење, туку е подобро да се почне со покора и да се моли за душата на оваа благородно момче. Но, можеби уште повеќе е потребно да се моли за овие себични мајки.“
Духовни-позив /к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк