Тома Аквински, човек на Црквата и со огромна духовна и човечка мудрост

Тома Аквински, човек на Црквата и со огромна духовна и човечка мудрост

Папата Фрањо го именува кардиналот Семерарo, префект на Дикастеријата за светци, за специјален пратеник за прославата на 700. годишнина од канонизацијата на Doctor Angelicus, на 18 јули во опатијата Фосанова.

„Човек на Црквата“, свештеник и учител кој со молитви и списи ја сподели својата „голема духовна и човечка мудрост“. Со овие зборови папата Фрањо го спомна свети Тома Аквински во писмото на латински – објавено на 11 јули 2023 година – во кое го именува кардиналот Марчело Семераро, префект на Дикастеријата за прогласување на светци, за свој специјален пратеник за прославата на 700. годишнината од канонизацијата, која ќе се одржи на 18 јули во опатијата Фосанова, недалеку од Латина.

Никогаш не бил надуван поради знаењето, туку секогаш бил изградуван со милосрдие, Доминиканецот кого неговите современици го нарекувале „Doctor Angelicus“ (Ангелски учител) „изобилувал со прекрасна култура“ – истакна Папата во писмото, кое носи датум од 30 јуни. Напишал многу дела и поучувал безброј работи, а бил многу стручен во филозофските и теолошките дисциплини. Блескал со правилна интелигенција и остроумност, и полн со почит со разумот ги истражувал божествените тајни и за нив размислувал со голема вера

Три години јубилеи на свети Тома Аквински

Како што веќе е објавено на 28 јуни во писмото до бискупите на Латина, Сора и Фросиноне, папата Фрањо потсети на томистичките јубилеи во кои покрај 700 години од неговото канонизирање, ќе се постетиме и на 750 годишнината од неговата смрт, во 2024 година и 800 годишнината од раѓањето во 2025 година. Со големо задоволство и духовна радост прифативме различни проекти на Црквата за да оддадеме достојна почит за ревноста на најпознатиот учител на светоста и изучувањето на светото учење – напиша Папата, додавајќи дека го прифатил барањето на бискупот Маријано. Крочијате, бискуп на Латина, Терачина, Сеце, Приверно; Жерар Антонацо, бискуп на Сора, Касино, Аквина, Понтекорво; Амброџо Спреафико, бискупот на Фросиноне, Вероли, Ферентино и Анагни-Алатрио, еден кардинал да ја предводи прославата во јули во чест на свети Тома и да упати „зборови на духовно охрабрување“.

Прослава

Оттука и именувањето на кардиналот Семераро кој ќе служи свечена Евхаристија во опатијата во Фосанова, местото каде што светителот „се упокои во Господа“. Сите учесници на тој настан – напиша Папата – ќе бидат поттикнати да ја покажат својата особена љубов кон Христос и неговото евангелие со обновена сила и нов жар преку молитвата, како и да горат од жарот на верата во секојдневниот живот.

Други настани

По повод објавувањето на писмото на Папата – од 19 јуни, но испратено до заедниците на 28 јуни, заедно со поттикот текстот да се користи за „внимателно размислување и вдахновение“ – бискупите Крочијата, Антонацо и Спреафико најавија други настани, кои ќе се одржат во чест на нивниот заштитник. Во вторник, 11 јули, се одржа средба за размислување во Латина, додека молитвена средба ќе се одржи во опатијата Фосанова во петок, 14 јули. Како што споменавме, кардиналот Семераро ќе ја предводи свечената прослава на 18 јули во 18.30 часот.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот